Снајди се па живеј!
- Детали
- среда, 14 октомври 2009
Учеството на минатата Олимпијада го чинело околу 90.000 долари. Поголемиот дел го платиле неговите родители. Оваа година решил да се снајде сам.
Логан Кемпбел (23) од Нов Зеланд, отворил бордел за да собере пари за учество на Олимпијадата во 2012 година.
На минатата бил 16ти во таеквондо, а учеството го чинело околу $90.000 долари.
За да ги ослободи родителите од овој терет оваа година со својот пријател отворил бордел во Оукленд.
Се надева дека услугите кои ги нудат ескорт-девојките ќе му помогнат да собере $200.000 долари.
Новозеландскиот Олимписки одбор бара од него својот проект да не го поврзува со Олимписките Игри затоа што ќе го тужат.
Сметаат дека неговиот план потполно се коси со олимписките вредности.