„Браво, ова е одраз на добро воспитување“: Девојче делеше бонбони на градежни работници и стана хит на социјалните мрежи

„Ова девојче е одраз на вистинско воспитание“ – стои во дел од коментарите на видео на кое се гледа како едно мало девојче од својата торбичка им дели бонбони на работниците кои се зафатени со градежни работи на улица.

bravo-ova-e-odraz-na-dobro-vospituvanje-devojche-deleshe-bonboni-na-gradezhni-rabotnici-i-stana-hit-na-socijalnite-mrezhi-01.jpg

Колку често им обрнувате внимание на работниците кои и на студ и на екстремно високи температури со часови работат на отворено?

Видео со љубезноста на едно мало девојче стана хит на социјалните мрежи.

Таа покажа дека и најмалиот гест и чин на љубезност може некому да му го разубави денот и дека некогаш не е потребно да дадете премногу, туку само едно бонбонче за некого да го израдувате.

На ТикТок се споделува видеото на кое едно мало девојче од својата торбичка вади бонбони и трпеливо чека работниците да завршат со работа за да ги почести, а тие љубезно ги вадат ракавиците од рацете за да го земат подарокот.

Коментарите на социјалната мрежа се позитивни и речиси сите се сложни дека ова девојче е одраз на добро воспитување.

„Колку е прекрасно да ги научите децата на љубезност и на дарување“;

„Умно девојче“;

„Ова е детска, чиста љубов“;

„Ова што го гледате е одраз на вистинско воспитание“ – стои во дел од коментарите.

Погледнете го видеото:

https://www.tiktok.com/@baby.cute.2279/video/7334572380532100385

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Што трпат децата заради нереализираните мајки?“ - Девојче во солзи вежба ритмичка гимнастика „Моето храбро девојче“ – напиша гордата мајка до видеото на кое што се гледа как...
Вознемирувачко видео: Мигрант во Шпанија удри бебе, па се закани: „Следниот пат ќе ја убијам“ Мигрант од Еквадор е уапсен откако нападнал брачен пар со бебе во Шпанија. Видео...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Ја продавам мојата користена долна облека - заработувам над 4.000 евра месечно“ „Еден клиент сакаше само да зготвам оброк додека ја носам долната облека. Ништо ...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вирално видео: Девојче (4) има совршен одговор за момчето што ѝ кажа дека не му се допаѓа нејзината ... „Ох, душо, се гордеам со тебе. Застана во своја одбрана, а тоа е важно. И важно ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg