Од обичен изглед до холивудски сјај: 66-годишна жена непрепознатлива по 6-часовна пластична операција
- Детали
- четврток, 10 април 2025
Некои жени се подготвени на секаква жртва за помлад изглед – 66-годишната Лиса, по 6 часа пластична операција со 9 процедури на цело лице и врат, излегла со модринки и отечено лице, но 10 месеци подоцна изгледа како да е во цутот на младоста и блеска со холивудски сјај.
Лиса е 66-годишна пациентка на д-р Мајк Најак во Сент Луис, чија трансформација тој целосно ја сподели на Инстаграм, но и за магазинот People.
Иако таа изгледала прилично добро за свои години, сепак отсекогаш знаела дека сака да направи пластична операција кога брчките ќе се појават на нејзиното лице, па како што навлегла во 60-тите години, се одлучила за овој чекор.
Таа направила 9 козметички процедури одеднаш, меѓу кои – длабок фејслифтинг, длабок лифтинг на врат, горна и долна блефаропластика, трансфер на масти, лифтинг на усните, намалување на ушната школка и ласерски CO2 третман за третирање на оштетена кожа од сонце, брчки, лузни, белези и други состојби.
Најскапата процедура од сите овие била длабокиот фејслифтинг со цена која почнува од 150.000 долари, па очекувано, сите третмани чинеле вртоглава сума на пари, за која Лиса првично се двоумела.
Докторот ѝ ги направил сите процедури одеднаш, а целиот зафат траел околу 6 часа.
Сепак, по операцијата, потребно е подолго закрепнување, посебно заради процедурите кои одеднаш се направени на различни делови од лицето – таа долго време имала модринки, рани и не изгледала воопшто претставително, на што докторот ја предупредил и неа, како и сите останати пациенти.
Процесот на трансформација - пред операција, ден по операција, една недела подоцна, 10 месеци подоцна
„Лицето ви е отечено, имате модринки, минувате низ подеми и падови емоционално, но нема болка, иако луѓето не веруваат во тоа. Ми направија 9 процедури на лицето, бев на операција повеќе од 6 часа, но нема никаква болка. Непријатност да, но не и болка.
Ми се вратија самодовербата и магичниот шарм. По 50-тата мислам дека станав невидлива, исто како и повеќето жени, но сега веќе не е така“ – вели таа за People.
Една недела по операцијата
Но, откако поминале 10 месеци од операцијата, сега Лиса изгледа освежено, подмладено и со сјај кој потсетува на холивудски гламур.
2 месеца по операцијата vs. 10 месеци по операцијата
Таа е целосно трансформирана и непрепознатлива - погледнете повеќе фотки:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





