Што е мистериозната сина светлина на небото што синоќа ја забележаа и Балканците?
- Детали
- вторник, 25 март 2025
Иако изгледа како портал до некој друг свет, експертите имаат поедноставно објаснување за мистериозната сина светлина што се појави синоќа над Европа – настаната е од гориво од ракета на SpaceX.
Синоќа, жителите на Европа, вклучувајќи и неколку земји на Балканот, почнаа да споделуваат фотки на социјалните мрежи од необична светлина на небото.
Светлината изгледа како спирала со светлосина боја и некои се шегуваат дека се вонземјани, а некои дека е портал до друг свет.
Според објавите на Твитер, светлината била мошне изразена во Хрватска, но се гледала и на небото во Босна и Херцеговина и Турција.
Медиумите од европските земји споделуваат дека светлината била видлива и во Англија, Ирска, Данска, па и Италија.
Иако делува навистина мистериозно, дури личи и на галаксија, експертите имаат поедноставно објаснување за невообичаената појава.
На Твитер се огласи популарниот британски физичар Брајан Кокс кој откри дека светлината е поради лансирање на ракета.
„За сите кои се прашуваат за чудната спирална форма на небото – поврзана е со ова лансирање“.
Тој сподели и видео од вчерашното лансирање на ракетата Falcon 9 на SpaceX.
Имено, светлината е настаната од горивото на ракетата.
Кога се лансира, ракетата ослободува гориво и го распрскува во форма на спирала.
Поради условите на големата височина, како многу ниските температури, спиралата од гориво стои во место многу подолго, па од Земјата ни изгледа како необична светлина со спирална форма.
„Нам ни изгледа изненадувачки бидејќи не сме навикнати да гледаме такви совршени геометриски форми.
На Земјата секогаш има ветар или нешто друго што би ги уништило“, има изјавено американскиот астроном Џонатан Мекдауел.
Повеќе фотки од феноменот споделени на Твитер:
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





