Водопадите на Нијагара осветлени во боите на македонското знаме - Канада им оддаде почит на жртвите во Кочани

15 минути водопадите на Нијагара светеа во црвена и жолта боја, во знак на солидарност со Македонија и жртвите од страшната несреќа во Кочани.

vodopadite-na-nijagara-osvetleni-vo-crveno-zholto-vo-chest-na-zhrtvite-od-pozharot-vo-kochani-foto-video-01.jpg

Вчеравечер водопадите на Нијагара беа осветлени во црвено жолта боја, како нашето знаме, а во чест на 59-те жртви од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Преку Фејсбук страницата „Обединета македонска дијаспора“ беше најавено дека најпознатите водопади во светот, кои се наоѓаат во градот Онтарио, Канада, ќе блеснат во црвено жолтата боја.

vodopadite-na-nijagara-osvetleni-vo-crveno-zholto-vo-chest-na-zhrtvite-od-pozharot-vo-kochani-foto-video-02.jpg

„Нијагарините водопади 15 минути ќе бидат осветлени во боите на македонското знаме во чест на жртвите од трагичниот пожар во Кочани.

Се надеваме дека ќе ни се придружите и ќе застанете во знак на солидарност со македонската заедница, додека се сеќаваме и им оддаваме почит на оние што ги загубија животите, како и во молитва за брзо оздравување на сите кои беа повредени и оние кои беа погодени од оваа трагедија“, пишуваше во нивната најава.

На Инстаграм беа споделени и видеа од моментот на осветлувањето на водопадите.

„Канада, ти благодариме. Солидарност за Кочани по страшната несреќа“ - пишува во пораката.

Кликнете на видеото:

И на Твитер беа споделени фотографии  од црвено-жолтите водопади.

Боите на нашето знаме претходно осветлија и неколку градби во Перт и Бризбејн, Австралија.

 

Ноќеска во црвено-жолто светеа и мостот Harbour и кулата Sky Tower во Оукленд, Нов Зеланд.

„Македонското знаме во чест на жртвите од Кочани“ - напиша на Инстаграм Стори Хелена Роза, која ја сподели фотографијата.

vodopadite-na-nijagara-osvetleni-vo-crveno-zholto-vo-chest-na-zhrtvite-od-pozharot-vo-kochani-foto-video-05.jpg

Водопадите на Нијагара беа осветлени во боите на македонското знаме и во 2021 година, за одбележување на 30-годишнината од независноста на државата, пишува Toronto Star.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бебе се роди во авион среде лет кон Брисел: „Со жена ми бевме на тој лет – секоја чест за тимот“ „Беше посебен момент кога екипажот рече – имаме нов патник на летот“ - Кратко по...
Искрена жена открива како ѝ изгледа стомакот откако станала мајка и испраќа апел „Знам дека враќањето назад во форма по породувањето на мајките го гледаме како н...
Драма во семејството на Ралф Шумахер: Бившата лаже дека не знаела дека е геј, синот јавно го поддржа „Би сакала да знаев, да ме вклучеше во таа негова одлука. Тоа ќе ми беше знак де...
Добри уметници, но лоши родители - Славни личности кои не разговараат со своите деца 50 Cent го споредил својот син со змија. Религијата во која членува Том Круз не ...
Има само 2 години, а продава слики за 6.000 евра – Детенце од Германија го споредуваат со Пикасо Лоран создава ремек-дела на само 2 години. Не сака да излезе од студиото за слик...
И јавноста дозна за нивните неверства - Најскандалозни љубовни триаголници во Холивуд Џастин Бибер ја изневеруваше Селена Гомез со неговата сегашна сопруга, Џенифер А...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg