Бизарна трансформација: Привлечна русокоса се истетовирала целата, го отстранила носот и си го пресекла јазикот
- Детали
- среда, 26 февруари 2025
„Порано си била толку убава“. „Што те натера да си го направиш ова?“ „Зошто се мразиш себеси?“... Се дел од коментарите на нејзините следбеници.
Токси е жена која на Инстаграм има повеќе од 155.000 следбеници и постојано го привлекува вниманието со својот бизарен изглед.
Таа некогаш била привлечна русокоса, а денес целата е истетовирана, го има отстрането носот, а јазикот си го поделила на половина.
Таа ги има истетовирано и очите и јазикот, а има и низа импланти на себе како рогови.
Токси во 2019 изгледала сосема поинаку, а тоа го сподели и на својот Инстаграм профил.
Коментарите од нејзините следбеници се:
„Порано си била толку убава“.
„Што те натера да си го направиш ова?“
„Зошто се мразиш себеси?“
„Многу лошо, изгледаш како сатаната“.
Во една пригода за своите модификации Токси изјави:
„Сакам да бидам несовршена, затоа што несовршеностите нè прават уникатни.
Инаку, најболно од сите зафати беше отстранувањето на носот и ми беа потребни 8 седмици за да закрепнам од таа операција“.
Нејзиниот бизарен изглед:
Kликнете на видеата:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





