„Кога ќе ми дојде преку глава од родителството, си земам некој ден одмор“
Ова направи голема промена во нашата продуктивност, ни го намали стресот и ни ја зголеми радоста.
Па, кога доаѓаше нашиот ред за чување деца во текот на денот ние бевме тотално присутни во мигот и без стрес.
Па, така сфативме дека ако секој од нас си земе време за себе, покрај како за работата, така и за пријателите, патувањата и фитнесот, ќе бидеме многу посреќни.
Но, кога споредувам со тоа како функционираат другите родители, сфаќам дека нашиот начин е неконвенционален.
Но, верувам дека родителите навистина нема потреба да прифатат дека ќе бидат во константна состојба на стрес и жртва во име на тоа што имаат деца – тоа е сурово и никој не го заслужува.
Особено мајките, забораваме на грижата на себе и не бараме помош кога чувствуваме дека ни е потребна.
Сега, кога сум во 40-тите години не ми е грижа ако луѓето мислат дека сум себична, затоа што знам дека овој начин за нас е вистинскиот и дека од него има корист и моето семејство и мојот брак и моето ментално здравје.
Плус, сакам моите ќерки да израснат со мајка која е среќна, здрава и исполнета и која ќе им биде пример како треба со радост да го живеат животот“.
С. С. | Црнобело