Иванка Трамп блесна во фустан од бисери и кристали на вечера пред инаугурацијата на татко ѝ Доналд (фото)
- Детали
- понеделник, 20 јануари 2025
Викендов, пред инаугурацијата на Доналд Трамп, се одржаа неколку свечености во Вашингтон, а можеби најмногу внимание привлекуваше неговата ќерка Иванка. Во неделата, таа блесна во рачно изработен фустан од бели кристали и бисери, додека се дружеше со поддржувачите на татко ѝ.
Денес (20.01) во Вашингтон ќе се одржи инаугурацијата на новиот претседател на САД – Доналд Трамп.
Ова е вториот мандат на американскиот бизнисмен, а свеченоста за инаугурацијата ќе почне околу 17:00 часот.
Но, викендов неговото семејство веќе беше на неколку настани, а најмногу внимание привлече ќерка му Иванка Трамп.
Во неделата (19.01), Трамп оддржа митинг, а имаше и мала прослава со најблиските.
Иванка сподели фотка од сопругот, децата и татко ѝ пред митингот, а за пригодата носеше беж комбинација со ролка и долг елегантен капут.
На вечерната прослава во Вашингтон на 19-ти јануари, Иванка се појави во долг црн фустан со разголени рамена, во комбинација со дијамантски ѓердан.
Но, можеби најмногу блесна на гала свеченост во Националниот музеј во Вашингтон, каде меѓу присутните беа Илон Маск, Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез.
Вечерата се одржа доцна во ноќта на 19-ти јануари, а за пригодата Иванка избра долг бел фустан направен од бели кристали и бисери.
Фустанот е од познатиот бренд Oscar de la Renta.