Загриженост за здравјето на астронаутите заглавени на Меѓународната вселенска станица – враќањето се одложи за март
„Секако дека астронаутите се тренирани да се справуваат со стресни ситуации, но ова сценарио не е нешто што го очекувале.
Има влијае врз нивната психа што, пак, има влијание и врз нивното тело“, вели д-р Карол Либерман од Калифорнија.
Од НАСА апелираат дека астронаутите се во добра здравствена состојба, но познато е дека има ризици кога станува збор за подолг престој.
Досегашните истражувања покажале дека мускулите и коските можат да ослабат, додека и изложеноста на радијацијата во вселената не е безопасна.
Може да се јават проблеми со бубрезите, па и со кардиоваскуларниот систем, а секако дека ќе има последици и поради микрогравитацијата.
„Кога ја нема силата на гравитацијата, телото нема причина да ја задржува густината и цврстината на мускулите и коските, па тие стануваат покревки“, вели д-р Жакиш.
Секако, од НАСА ги имаат земено предвид овие работи, па астронаутите редовно вежбаат и генерално се хранат добро.
И, иако веројатно ќе чувствуваат последици, поради нивниот тренинг, мала е веројатноста да се најдат во животозагрозувачка состојба откако ќе се вратат.
Кој го има најдолгиот престој во Меѓународната вселенска станица?
Иако изгледа како Буч и Суни да поставуваат рекорд, нивниот престој не е најдолгиот во Меѓународната вселенска станица.
Во 2015 и 2016 година, астронаутот Скот Кели помина 340 дена во станицата.
Тој беше дел од експеримент – неговиот брат близнак беше на Земјата, па откако се врати и тој, експертите правеа споредби и испитувања.
Во 2023-та, пак, астронаутот Франк Рубио беше во слична ситуација како Буч и Суни.
Тој помина една година на станицата поради проблем со леталото што требаше да го врати на Земјата.
Шест други астронаути имаат поминато повеќе од една година на станицата и не се соочиле со сериозни здравствени проблеми по враќањето.
Па, веројатно и Буч и Суни ќе бидат во ред.
Спирова С. | Црнобело