Загриженост за здравјето на астронаутите заглавени на Меѓународната вселенска станица – враќањето се одложи за март

Суни Вилијам (59) и Буч Вилмор (61) ќе останат во Меѓународната вселенска станица најрано до крајот на март бидејќи спасувачката мисија беше одложена. Тие ќе поминат повеќе од девет месеци во вселената, а јавноста веќе се загрижува за нивното здравје.

grizhi-za-zdravjeto-na-astronautite-zaglaveni-na-megjunarodnata-vselenska-stanica-vrakjanjeto-se-odlozhi-za-mart-01.jpg

Астронаутите Буч Вилмор и Суни Вилијамс, кои се заглавени во Меѓународната станица уште од јуни, ќе треба да останат таму барем до крајот на март.

Првично, мисијата на астронаутите требаше да трае само десет дена, од кои осум на станицата, но поради технички проблеми, останаа подолго.

Плановите беа да се вратат во февруари 2025-та, но сега враќањето уште еднаш им е одложено, што значи ќе поминат најмалку девет месеци во вселената.

Деновиве, пак, се јавува и загриженост за здравствената состојба на астронаутите бидејќи долгиот престој во вселената сепак не е без последици.

grizhi-za-zdravjeto-na-astronautite-zaglaveni-na-megjunarodnata-vselenska-stanica-vrakjanjeto-se-odlozhi-za-mart-02.JPG

Како Буч Вилмор и Суни Вилијамс се најдоа во оваа ситуација?

59-годишната Суни Вилијамс и 61-годишниот Буч Вилмор беа лансирани кон станицата на 5-ти јуни.

Ова лансирање беше вид тест на леталото Starliner направено од компанијата Boeing.

Со леталото, НАСА се надеваше дека ќе може да ги транспортира астронаутите до и од станицата без руското летало Soyuz.

grizhi-za-zdravjeto-na-astronautite-zaglaveni-na-megjunarodnata-vselenska-stanica-vrakjanjeto-se-odlozhi-za-mart-03.JPG

Бул и Суни требаше да поминат осум дена на станицата, а потоа да се вратат на Земјата.

Но, кратко по лансирањето, леталото Starliner се соочи со неколку проблеми, вклучувајќи и протекување на хелиум.

Астронаутите безбедно стигнаа на станицата, а од НАСА одлучија да им го продолжат престојот додека да соберат повеќе информации за проблемите и да најдат решение.

Но, на крај сфатија дека е премногу ризично да ги вратат на Земјата.

grizhi-za-zdravjeto-na-astronautite-zaglaveni-na-megjunarodnata-vselenska-stanica-vrakjanjeto-se-odlozhi-za-mart-04.JPG

Тие останаа на станицата, додека Starliner се врати на Земјата во септември, без екипаж.

Во февруари 2025-та имаше закажано друга мисија до станицата, со капсулата Crew Dragon на SpaceX и планот беше Буч и Суни да се вратат тогаш.

Поради технички проблеми, сега оваа мисија е одложена за март 2025-та, но може и до подоцна.

grizhi-za-zdravjeto-na-astronautite-zaglaveni-na-megjunarodnata-vselenska-stanica-vrakjanjeto-se-odlozhi-za-mart-05.JPG

Кои се можните последици по нивното здравје?

Уште пред околу еден месец јавноста почна да дискутира за наглото слабеење на Суни.

Во видеата и фотките што ги споделуваат од станицата е повеќе од очигледно дека ослабела од периодот пред лансирањето.

За Daily Mail, неколку доктори дискутираат за можните последици по здравјето на двајцата астронаути.

„Додека да се вратат на Земјата, ќе бидат изложени на екстремно висок ризик од скршеници на коски. Веројатно нема да можат да одат без некакво помагало…

Ќе им требаат месеци за да си ги вратат телата во нормала“, вели д-р Џон Жакиш кој е биомедицински инженер.

grizhi-za-zdravjeto-na-astronautite-zaglaveni-na-megjunarodnata-vselenska-stanica-vrakjanjeto-se-odlozhi-za-mart-06.JPG

Иако овие промени не се нешто неочекувано кај астронаутите во станицата, и Буч и Суни сепак се повозрасни, а не ни очекувале да поминат девет-десет месеци во вселената.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Го испеаја евровизискиот хит „Бандидо“ во 1990 година – Како изгледаат денес сестрите Салазар? Сестрите кои го освоија 5-тото место на Евровизија во 1990 година ја газат седма...
ТВ водителка поминала 400 операции, откако бившиот ја нападнал со киселина: „Се плашев од луѓето“ „Не сакав никого да видам и не сакав никој да ме види. Се сеќавам колку се плаше...
„Трапавиот Чарлс“ – Избегнал смртоносна лавина, сам ќе си го откинел прстот со чекан Скршил рамо додека ловел лисици, не знае ни сам колкупати паднал од коњ, а за ма...
Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg