„Не заслужувате да сте родители“ - Брачен пар ги оставил децата во кабина на крузер за да одат сами на вечера
Откако се соочиле со критики, во друга Инстаграм објава, која сега исто така е избришана, Аби вели дека прво пробале да ги остават децата во градинката на крузерот.
Доста често на крузерите се достапни градинки со професионални воспитувачи.
Но, помалото дете постојано плачело и се откажале од намерата.
„Планот ни беше цел ден да го поминеме со децата, а потоа да ги оставиме во градинката за да одиме на формална вечера бидејќи ресторанот не е за мали деца“, вели Аби.
Инстаграм објавите на парот беа споделени и на Редит, каде што корисниците остро ги критикуваат.
Некои го спомнуваат и случајот со Медлин МекКен – девојче кое се води за исчезнато од 2007 година.
Прочитајте повеќе: Родителите биле на вечера кога таа исчезна, ги обвинуваа дека го скриле нејзиното тело – Која е Медлин МекКен, девојчето по кое се трага 16 години?
„Не знам кои се луѓево, но ова е навистина глупаво. На повеќето крузери има градинки каде што децата можат да бидат безбедни додека родителите се на вечера. Што ако некое од децата излегло од собата?“
„Супер, го гледаш бебе мониторот преку видеоповик за ако се случи нешто лошо, сепак да не можеш да реагираш навреме“.
„На сличен начин ја киднапираа Медлин МекКен пред неколку години, а денес светот е многу пострашен. Не ми е јасно како некои родители го прават ова. Па, и покажуваат на социјалните мрежи, како да е нешто нормално“.
„Имам само два збора – Медлин МекКен“.
„Мислам дека ова не е ни дозволено… Не би требало да се фалат на Инстаграм“.
„Крузерите се огромни. Во опасни ситуации, треба да се реагира за една секунда. Ако виделе нешто на видеоповикот, немало да стигнат навреме до кабината. Некои луѓе не заслужуваат да бидат родители“.
„Да, ги следевте на видеоповик, но што ако се случело нешто? Што ако некој влегол во кабината? Ќе му се развикавте преку телефон?“
Спирова С. | Црнобело