„Сакав да личам на Ким Кардашијан – сега не можам да имам деца поради филерите во задникот“
- Детали
- понеделник, 02 септември 2024
Инфлуенсерка од Бразил била зависна од пластични операции и процедури за разубавување. Кога станала свесна за својот проблем, веќе било предоцна – поради многуте филери што ги ставила во задникот, сега не може да има деца.
Денес филерите и сличните третмани за разубавување станаа норма. И, доколку сте умерени со нив и ги правите кај професионалци, тие се релативно безбедни.
Но, некои луѓе како да стануваат зависни од ваквите третмани и по некој период трпат последици.
Во ваква ситуација се нашла инфлуенсерката Џенифер Памплона која самата вели дека станала зависна од филери кои ѝ нанеле сериозна штета на здравјето.
31-годишната Џенифер, која има еден милион следбеници на Инстаграм, сакала да личи на Ким Кардашијан.
Па, низ годините потрошила над милион долари за секакви третмани и процедури, вклучувајќи и филери на задникот.
А, поради овие филери, сега Џенифер не може да има деца.
„Отсекогаш сонував да бидам мајка. Уште од најрана возраст си го замислував мигот кога ќе имам свои деца.
Но, сега тој сон ми е уништен од нешто коешто мислев дека е ми го подобри изгледот.
Болката што ја чувствувам од неможноста да имам деца е нешто со коешто не мислев дека ќе се соочам“, вели Џенифер.
Како и со секоја процедура, и филерите во задникот доаѓаат со ризици, особено ако се ставаат многу често и ако ги ставаат луѓе кои не се професионалци.
Од честото ставање филери во задникот, може да се јават инфекции, а филерите можат да мигрираат и во другите делови од телото и со тоа да имаат влијание врз репродуктивниот систем.
Џенифер работи на документарец за нејзиното искуство, каде што се појавува и пластичниот хирург Карлос Риос кој се грижел за неа.
Тој вели дека првиот симптом - болка во задникот и нозете - го почувствувала уште пред десет години.
„Симптомите што ги чувствуваше се директна последица на процедурите за зголемување на задникот. Животот ѝ висеше на конец.
Со лекови, правилна исхрана и терапија, успеавме да ја стабилизираме. Постоеше ризик да не преживее“.
Џенифер ја направила првата пластична операција на 17-годишна возраст, а оттогаш имала над 30 процедури.
Во 2022 година била дијагностицирана со телесна дисморфија – ментално нарушување поради кое луѓето стануваат опседнати со недостатоците во нивниот изглед.
Тогаш сфатила дека мора да престане со операциите и процедурите. Но, штетата веќе била направена.
Иако веќе не е во животна опасност, таа не може да има деца, а ќе треба да прави и реконструктивна операција во Колумбија.
„Не знам што ме очекува во иднината. Знаев дека имам проблем (телесна дисморфија), но не барав помош…
Мислам дека ако луѓето обрнуваат повеќе внимание на менталното здравје, поретко ќе прават процедури за разубавување.
Сакам да нагласам дека не сум против пластични операции, но важно е да бидете умерени“, вели таа.