Растеле во мизерни услови со родители алкохоличари - светски ѕвезди кои биле сиромашни како деца

Џастин Бибер

Првпат се прославил во 2009 година со песната „One Time“.

Пред тоа живеел во Канада со самохрана мајка.

„Се сеќавам дека бев сиромашен и дека другите деца ме задеваа“, изјавил тој во интервју за „Clique TV“ во 2015 година. 

„Се сеќавам дека седев во ресторани со мајка ми и таа ме тераше да нарачам вода наместо сок.

Се сеќавам дека толку многу сакав да нарачам сок, а се сеќавам дека и кога ја добив првата голема плата, бев толку среќен што можев да ги искористам тие пари за да се грижам за мајка ми“, изјавил Џастин.

Џенифер Лопез

Џенифер детството го поминала во Бронкс, шетајќи наоколу со скинати чевли.

Кога имала 18 години одлучила да го напушти колеџот и да се занимава со пеење, па некое време била бездомник.

Во интервју за „Extra“ во 2013 година изјавила дека спиела по каучите во студијата за танц.

Џим Кери

Кога имал само 12 години татко му останал без работа, оставајќи ги четирите деца и нивната мајка во тешка финансиска состојба.

Некое време живееле во комбе, па сите заедно работеле како чувари и обезбедувачи.

По завршувањето на часовите во училиште одел да работи во фабрика.

Ваквиот живот за него е минато, а во 90-тите заработувал и по 20 милиони долари од филм.

Деми Мур

Деми Мур пораснала живеејќи во приколка.

Имала тешко детство, бидејќи се селела од место во место со родителите алкохолчари.

Пред да стане позната, работела како наплаќач на долгови и модел, а потоа добила споредна улога во филмот „Избори“ во 1981 година.

С. Ш. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Мајка ми живее со мене откако се породив, готви и се грижи да сум наспана - не сакам да си оди“ „Се будеше во 5:30 и почнуваше со својата рутина. За појадок ми правеше чај од ц...
Добри уметници, но лоши родители - Славни личности кои не разговараат со своите деца 50 Cent го споредил својот син со змија. Религијата во која членува Том Круз не ...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg