Како изгледаше ретката сина супермесечина во август 2024 во Македонија, а како во светот?
- Детали
- вторник, 20 август 2024
Сината месечина е многу ретка појава, односно само 3% од полните месечини се познати како сини месечини. Како изгледаше ретката сина супермесечина низ објективот на светските фотографи, но и наши домашни?
Ретката сина супермесечина ноќеска (19.08) го осветли небото во целиот свет, а можеше да се види во сите делови од планетата, каде што не беше облачно.
Ова е првата сина супермесечина која се појавува по една година, откако претходно истата оваа појава беше забележана во август 2023.
Видеа и фотографии објавија и неколку македонски фотографи.
Супермесечина е појава која означува дека месечината е полна и притоа се наоѓа на точка која е најблиску до Земјата.
Приближно ¼ од сите полни месечини се супермесечини.
Стокхолм, Шведска
Но, сината месечина е многу поретка појава, односно само 3% од полните месечини се сини месечини.
Ова не значи дека месечината е со сина боја, туку дека во ист месец се појавуваат две полни месечини (втората од нив е сина месечина).
Самата сина супермесечина е многу ретка и се случува еднаш годишно, а понекогаш и во интервал подолг од 365 дена.
Погледнете како изгледаше ретката сина супермесечина во Македонија, а како во светот, забележана преку фотките на бројни фотографи:
Охрид, Македонија
Инстаграм: Лука Милошески
Солун, Грција
Њујорк, САД
Париз, Франција
Фронтера, Шпанија
Монтагри, Франција
Рим, Италија
Копенхаген, Данска
Бејрут, Либан
А. Ј. | Црнобело / фото: CNN и Фејсбук