Најтетовираниот Бразилец ги отстранува тетоважите: „Процесот е многу болен, но сакам да си го променам животот“

Мажот кој важеше за најтетовираниот Бразилец има направено неколку третмани за отстранување на тетоважите кои покриваа 95% од неговото тело. Вели дека вербата во Бог му помогнала да се откаже од пороците (алкохол и дрога) и да си го промени животот на подобро.

najtetoviraniot-brazilec-gi-otstranuva-tetovazhite-procesot-e-mnogu-bolen-no-sakam-da-si-go-promenam-zhivotot-01.jpg

Леандро де Суза беше познат како Бразилецот со најмногу тетоважи, но сега е во процес на нивно отстранување.

Досега, Леандро има направено два третмана за ласерско отстранување и разликата е повеќе од очигледна.

35-годишниот Леандро, кој е фотограф, имал 170 тетоважи кои покривале 95% од неговото тело. Сепак, решил да ги отстрани откако станал дел од евангелистичката црква.

„Првата тетоважа ја направив на 13 години.

Првите тетоважи што ги направив беа инспирирани од моите идоли“, вели Леандро за бразилскиот медиум G1.

najtetoviraniot-brazilec-gi-otstranuva-tetovazhite-procesot-e-mnogu-bolen-no-sakam-da-si-go-promenam-zhivotot-04_copy.jpg

Во тинејџерските години, негови омилени бендови биле Nirvana, Guns N‘ Roses и Metallica, па ставил неколку тетоважи инспирирани од нив.

А потоа, во текот на изминативе 20-тина години, тетовирал сè и сешто.

Пред 10-тина години, откако се развел од сопругата, за фотографот почнал особено тежок период.

Тажен бидејќи разводот значел и разделба од неговиот 10-годишен син, тој почнал да користи дрога како кокаин и ЛСД, а и пиел многу алкохол.

А, поради тетоважите, привлекувал многу внимание.

„Си го мразев животот. Бев атракција каде и да одев и се чувствував како животно во циркус“.

najtetoviraniot-brazilec-gi-otstranuva-tetovazhite-procesot-e-mnogu-bolen-no-sakam-da-si-go-promenam-zhivotot-3.jpg

Животот му тргнал во подобра насока кога дознал за евангелистичката црква.

„Првиот чекор за што било во животот е да прифатите дека некои работи не можете да ги направите сами. Јас требаше да си признаам и дека сум зависник од дрога.

Откако си признав, за една недела сретнав една жена која ме воведе во религијата“.

najtetoviraniot-brazilec-gi-otstranuva-tetovazhite-procesot-e-mnogu-bolen-no-sakam-da-si-go-promenam-zhivotot-02.jpg

Леандро вели дека е член на црквата веќе две години, а почнал и самиот да им проповеда на затвореници, но и деца чии родители се во затвор.

Повеќе од една година не користи дрога и алкохол и сега му останува уште да ги отстрани сите тетоважи.

Леандро го очекуваат уште шест ласерски третмани, закажани на секои три месеци.

„Отстранувањето боли повеќе од тетовирањето. Дури и со анестезија, навистина е болно“, вели Леандро, но истакнува дека нема да се откаже.

Повеќе фотографии од Леандро на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...
„Јас сум плус-сајз девојка и сакам да патувам – плаќам за 2 седишта во авион, но се соочувам со крит... Инфлуенсерката Саибра е плус-сајз девојка која сака да патува и вели дека секојп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg