Ѝ раскинал преку телефон, 8 години не сакал да ја запроси – Помалку познати детали за врската на Кејт и Вилијам

Откако ѝ раскинал по телефон, Вилијам отишол да слави за својата слобода. Кејт, пак, одлучила дека нема да тагува и беше главна тема во британските медиуми со нејзините излегувања по ноќни клубови…

raskinal-preku-telefon-8-godini-ne-sakal-da-ja-zaprosi-pomalku-poznati-detali-za-vrskata-na-kejt-i-vilijam-01.jpg

Принцот Вилијам и принцезата Кејт се чини го имаат совршениот брак.

Но, на почетокот, пред да сфатат дека целиот живот сакаат да се заедно, и тие се соочиле со низа премрежја.

raskinal-preku-telefon-8-godini-ne-sakal-da-ja-zaprosi-pomalku-poznati-detali-za-vrskata-na-kejt-i-vilijam-17.jpg

Неколку детали за љубовната приказна на Кејт и Вилијам:

Кејт и Вилијам се запознале додека биле студенти на универзитетот St. Andrews.

Но, Кејт прво планирала да се запише на друг универзитет и да учи историја на уметност.

Наводно, била и примена, но се премислила во последен момент.

raskinal-preku-telefon-8-godini-ne-sakal-da-ja-zaprosi-pomalku-poznati-detali-za-vrskata-na-kejt-i-vilijam-09.jpg

Кога јавноста дозна за врската на Кејт и Вилијам, се појавија шпекулации дека таа се премислила за факултетот токму поради него.

Според други гласини, мајка ѝ ја убедила да го смени универзитетот со надеж дека ќе допре до принцот.

Сепак, извор близок до кралското семејство има изјавено дека сите гласини се „глупости“, бидејќи се очекувало Вилијам да се запише на колеџот Trinity, како татко му.

Кога се запишал на St. Andrews, Вилијам користел псевдоним – Стив – со надеж дека нема да го препознаат.

raskinal-preku-telefon-8-godini-ne-sakal-da-ja-zaprosi-pomalku-poznati-detali-za-vrskata-na-kejt-i-vilijam-11.jpg

Набрзо потоа, почнал врска со колешка – Карли Баси-Бирч.

Врската не траела долго, а според Вилијам, причината била друга девојка – Арабела Масгрејв – со која се гледал летото пред да тргне на факултет.

По раскинувањето со колешката, тој почнал да се гледа со Арабела за време на викендите, но и оваа врска не траела долго.

raskinal-preku-telefon-8-godini-ne-sakal-da-ja-zaprosi-pomalku-poznati-detali-za-vrskata-na-kejt-i-vilijam-02.jpg

На факултет, пак, бил пребирлив со неговото друштво.

„Луѓето пробуваа да ме искористат. Но, брзо го забележував тоа и не се дружев со тие луѓе. Не сум глупав“, има изјавено Вилијам.

raskinal-preku-telefon-8-godini-ne-sakal-da-ja-zaprosi-pomalku-poznati-detali-za-vrskata-na-kejt-i-vilijam-10.jpg

Сепак, Вилијам сфатил дека Кејт не сака да го искористува.

Откако се запознале на факултетот, почнале да излегуваат на пијачки и заедно да играат тенис, но само како пријатели.

„Првата година откако се запознавме бевме само пријатели…

Почнавме да минуваме повеќе време заедно, се смеевме, ни беше многу забавно и сфативме дека имаме исти интереси и секогаш ни е убаво заедно“, има изјавено Вилијам.

raskinal-preku-telefon-8-godini-ne-sakal-da-ja-zaprosi-pomalku-poznati-detali-za-vrskata-na-kejt-i-vilijam-12.jpg

Пред да ја почне врската со Вилијам, Кејт била во врска со постар студент, но набрзо раскинала со него.

Кога се запишале во втора година, веќе било јасно дека Кејт и Вилијам се пар, иако избегнувале да зборуваат за тоа.

Тие потврдија дека се заедно во 2003 година, но тогаш Вилијам изјави дека не е во сериозна врска.

Истата година, тие раскинаа.

raskinal-preku-telefon-8-godini-ne-sakal-da-ja-zaprosi-pomalku-poznati-detali-za-vrskata-na-kejt-i-vilijam-15.jpg

Наводно, Кејт била засрамена од целата ситуација, најмногу бидејќи имале скоро ист круг на пријатели на универзитетот.

Сепак, по набрзо тие повторно се смириле.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Ослабел 108kg, па пак се здебелил, невестата е 1.300 пати посиромашна од него - Факти за индискиот п... Младоженецот ги оставил сите со подзината уста кога ослабел 108 килограми во 18 ...
„Принцот Хари беше вљубен во Кејт, а тоа ѝ пречеше на Меган“ – нови тврдења на кралска авторка „Меган Маркл сигурно била многу завидлива и љубоморна на Кејт Мидлтон“ – тврди а...
Прво видео од Кејт Мидлтон откако исчезна - Јавноста верува дека е нејзина двојничка „Објавија и лажно видео од Кејт? Значи никогаш повеќе нема да ја видиме“, е еден...
Принцези кои мистериозно се повлекоа од јавноста (и денес никој не знае каде се) Зад совршениот и бајковит живот на овие принцези се крие голема мистеријa - за е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg