Близнаци милијардери обвинети за силување: „Во една вечер ме нападнаа и двајцата“

Им подметнувале на девојките дрога, ги носеле сосила во нивниот стан или на забави, па таму заедно ги напаѓале. Три девојки тврдат дека биле жртви на браќа милијардери од САД, а нивните описи на настаните се потресни.

bliznaci-milijarderi-obvineti-za-siluvanje-vo-edna-vecher-me-napadnaa-i-dvajcata-01.jpg

Браќата близнаци Орен и Алон Александар се мошне познати во високите кругови во Њујорк како милијардери кои работат во областа на трговијата со недвижнини, а во моментов се најдоа среде скандал кога 3 жени ги обвинија силување.

Тие се наследници на Шломи Александер, успешен трговец со недвижнини од кого, заедно со нивниот постар брат Тал, ги наследиле милионите на нивните сметки, а потоа се вклучиле во семејниот бизнис.

bliznaci-milijarderi-obvineti-za-siluvanje-vo-edna-vecher-me-napadnaa-i-dvajcata-06.jpg

Се верува дека браќата (36) биле редовни гости во палатата во познатото американско летувалиште за богатите и славните, Хемптонс на Иван Л. Вилциг, човекот кого го нарекуваат „Хју Хефнер на Западот“.

Се верува дека тој повеќе од 15 години организирал скандалозни забави, во кои оргиите биле составен дел, а во периодот меѓу 2011-та и 2013-та година, двајцата браќа милијардери редовно се појавувале во неговата палата.

bliznaci-milijarderi-obvineti-za-siluvanje-vo-edna-vecher-me-napadnaa-i-dvajcata-09.jpg

Наводно, забавите започнувале со соблекување покрај базен, а потоа се вклучувале во садо-мазохистички сексуални активности во просторија која била наменета за тоа.

Жените ги обвинуваат двајцата браќа дека им подметнале дроги, а потоа ги силувале.

„Орен носеше кокаин со него и им велеше на луѓето дека тие двајца не го консумираат, но секогаш имаат со себе за да ги послужат девојките.

Потоа ќе ги поканеа девојките да одат со нив на забавите кај Иван“ – тврдат неименувани извори за PageSix.

bliznaci-milijarderi-obvineti-za-siluvanje-vo-edna-vecher-me-napadnaa-i-dvajcata-03.jpg

Сега, речиси 12 години подоцна, браќата се соочуваат со правни последици за нивното наводно однесување во периодот кога биле во своите рани 20-ти години од животот.

Неодамна, две жени, Ребека Мандел и Кејт Вајтмен, поднесоа две одделни тужби против браќата со кои тврдат дека биле силувани од нив.

Мандел тврди дека во 2009-та година ги запознала двајцата браќа, а во 2010-та година се случил инцидентот кога сосема случајно ги сретнала во ноќен клуб на Менхетн.

„Таа тврди дека Алон ѝ подметнал непозната супстанција во пијалакот, заради што девојката не била во можност да носи свесни одлуки.

По ова, ја викнале во нивниот стан на забава, а кога стигнала, двајцата браќа ја силувале заедно“ – се вели во обвиненијата.

bliznaci-milijarderi-obvineti-za-siluvanje-vo-edna-vecher-me-napadnaa-i-dvajcata-02.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg