Пораснала во бегалски камп, хиџабот ѝ е заштитен знак - Животната приказна на манекенката Рауда Муамед

Рауда има 11 браќа и сестри. Со семејството избегала од граѓанска војна, а позната е по тоа што е еден од ретките модели со хиџаб и не го вади ни за ревии, ни за фотосесии.

so-semejstvoto-ziveela-vo-begalski-kamp-hidzabot-ne-go-vadi-ni-na-revii-i-fotosesii-zivotnata-prikazna-na-manekenkata-rauda-muhamed-01.jpg

Сомалиско-норвешката манекенка Рауда Мухамед на познатиот филмски фестивал во Кан се појави закопчана во впечатлива комбинација со хиџаб на главата и ги воодушеви сите присутни со својата убавина.

Рауда никогаш не го трга хиџабот, ниту за модни ревии, кампањи или фотосесии за насловни страници на списанија, а тоа стана нејзин заштитен знак. 

Нејзината животна приказна е многу инспиративна.

so-semejstvoto-ziveela-vo-begalski-kamp-hidzabot-ne-go-vadi-ni-na-revii-i-fotosesii-zivotnata-prikazna-na-manekenkata-rauda-muhamed-06.jpg

33-годишната убавица има единаесет браќа и сестри, а детството го поминала во бегалски камп во Кенија. 

Нејзините родители избегале од граѓанската војна во Сомалија додека била многу мала.

Кога имала 8 години, заедно со семејството се преселила да живее со баба ѝ во Осло и работите станале полесни. 

so-semejstvoto-ziveela-vo-begalski-kamp-hidzabot-ne-go-vadi-ni-na-revii-i-fotosesii-zivotnata-prikazna-na-manekenkata-rauda-muhamed-07.jpg

Уште како тинејџерка покажала голем интерес за модата, а во 2016 година почнала да објавува фотографии од своите комбинации на Инстаграм, каде брзо собрала 141.000 следбеници. 

Во 2019 година станала професионален модел и започнала да работи за брендови како Max Mara, додека истовремено студирала психотерапија.

Во 2021 година успеала да стане и модна уредничка на скандинавското издание на „Vogue“, што е првпат во историјата жена со хиџаб да дојде на чело на моден магазин од „западот“.

Таа повеќе не е на таа позиција, но и понатаму активно се занимава со моделинг и мода на социјалните мрежи, а исто така е активна во борба за подобра положба на жените во исламскиот свет и се труди да докаже дека носењето хиџаб е религиски избор.

so-semejstvoto-ziveela-vo-begalski-kamp-hidzabot-ne-go-vadi-ni-na-revii-i-fotosesii-zivotnata-prikazna-na-manekenkata-rauda-muhamed-10.jpg

Откако француската влада најави дека носењето хиџаб ќе биде забрането во Францијa, таа одговори со селфи и натпис на дланката кој гласи: „Тргни ги рацете од мојот хиџаб“.

so-semejstvoto-ziveela-vo-begalski-kamp-hidzabot-ne-go-vadi-ni-na-revii-i-fotosesii-zivotnata-prikazna-na-manekenkata-rauda-muhamed-21.jpg

На седмата вечер на 77. Канскиот филмски фестивал, на премиерата на филмот „The Apprentice“ присуствуваа бројни ѕвезди од светскиот џет-сет, а Рауда особено се истакна на црвениот тепих.

Рауда носеше светлосина креација изработена од текстурирана ткаенина со впечатливи детали. Целиот стајлинг го надополни со очила за сонце.

so-semejstvoto-ziveela-vo-begalski-kamp-hidzabot-ne-go-vadi-ni-na-revii-i-fotosesii-zivotnata-prikazna-na-manekenkata-rauda-muhamed-04.jpg

so-semejstvoto-ziveela-vo-begalski-kamp-hidzabot-ne-go-vadi-ni-na-revii-i-fotosesii-zivotnata-prikazna-na-manekenkata-rauda-muhamed-02.jpg

Повеќе нејзини фотографии погледнете на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg