Нов портрет на принцот Луи за 6-иот роденден – Кејт ја прескокна традицијата за најмалиот син

Секоја година на родендените на децата Кејт Мидлтон точно на полноќ објавуваше нивни портрети, но годинава тоа не се случи. Фановите на кралското семејство беа разочарани затоа што портретот на најмалиот принц Луи (6) го добија со задоцнување.

kejt-midlton-ovaa-godina-ja-preskokna-tradicijata-za-rodendenot-na-nejziniot-najmal-sin-01.jpg

Обожавателите на британското кралско семејство се навикнати принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, секоја година по повод родендените на нејзините деца, точно на полноќ да објавува нивни фотографии со кои ги одбележува важните денови.

Таа велеше дека е традиција вечерта пред нивните родендени таа да остане будна до полноќ и да подготвува домашна торта за следниот ден.

„Стана веќе традиција јас да останам будна до полноќ со огромни количини состојки за торти и филови и често правам повеќе од што треба, но ги обожавам тие мигови“ – рече во една пригода принцезата.

kejt-midlton-ovaa-godina-ja-preskokna-tradicijata-za-rodendenot-na-nejziniot-najmal-sin-02.jpg

Затоа многумина останаа разочарани кога во очекуваното време денес (23.04) не се појави фотка од најмалиот принц Луи, кој го слави својот 6-ти роденден.

Иако традицијата во минатото била роденденската фотографија да биде испратена до поголем број од редакциите ден претходно, со забрана за објавување, како што пишува Daily Mail годинава тоа не се случило.

kejt-midlton-ovaa-godina-ja-preskokna-tradicijata-za-rodendenot-na-nejziniot-najmal-sin-03.jpg

Голем број од светските медиуми утрово објавија дека Кејт ја прекинала традицијата и дека од принцот Луи нема да биде објавена фотка за неговиот 6. роденден.

Но, околу 13 часот, на официјалниот Инстаграм профил на принцот и принцезата од Велс беше објавен портрет на најмалиот принц кој позира со насмевка и лежи бос на ќебенце на трева.

„Среќен 6-ти роденден принц Луи! Ви благодариме за убавите пораки денес“ – стои во описот до објавата.

kejt-midlton-ovaa-godina-ja-preskokna-tradicijata-za-rodendenot-na-nejziniot-najmal-sin-05.jpg

Фотката повторно е дело на принцезата Кејт Мидлтон која по повод Денот на мајките беше обвинета дека премногу ја фотошопирала фотографијата на која таа е заедно со трите деца.

За потсетување, Кејт во јавност се немаше појавено речиси два месеца, за потоа по големиот број шпекулации да излезе и јавно да соопшти дека во моментов се бори со рак.

kejt-midlton-ovaa-godina-ja-preskokna-tradicijata-za-rodendenot-na-nejziniot-najmal-sin-04.jpg

Таа не соопшти јавно за каков тип на канцер станува збор, но нејзината видео порака беше „шлаканица“ за сите оние што подолг период коваа теории на заговор и се потсмеваа на сметка на идната британска кралица.

Прочитајте и Смешни теории на заговор на Твитер: „Дијана е мртва, Чарлс има рак, Кејт исчезна – се знае кој е виновен“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Баба му на Чарлс двапати го победила ракот и живеела до 101 година – Дали болеста е „проклетството“ ... Баба му имала две операции заради рак, а двајца дедовци биле „покосени“ од болес...
Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...
„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа... Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...
Принцезата од Дубаи „го откачи“ сопругот преку Инстаграм, 1 година откако потрошија 50 милиони долар... Пред една година направија кралска свадба, а сега се чини дека се разведуваат. ...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Принцот Хари беше вљубен во Кејт, а тоа ѝ пречеше на Меган“ – нови тврдења на кралска авторка „Меган Маркл сигурно била многу завидлива и љубоморна на Кејт Мидлтон“ – тврди а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg