Беше најубавото бебе модел во светот, ја викаа мини Барби – Како изгледа денес Ера Мери Браун?
- Детали
- понеделник, 22 април 2024
Својата прва реклама ја сними како 6-месечно бебе, на 2 години важеше за најубавото девојче на светот затоа што неодоливо потсетуваше на кукла, а мајка ѝ добиваше критики заради начинот на кој ја облекува – Како изгледа Ера Мари Браун денес?
Ера е родена во 2009-та година во Тенеси, САД, а уште како бебе почнала да заработува како заштитно лице на голем број детски брендови.
Благодарение на крупните сини очи и русата коса, речиси сите почнале да ја нарекуваат „жива кукла“, а според некои американски медиуми, на врвот на славата заработувала по 10 милиони долари годишно.
Но, славата на Ера не траела толку долго колку што нејзината мајка очекувала. Заради ова, таа почнала да ја шминка и да ја облекува провокативно, заради што се соочила со голем број критики.
Дополнително, нејзините родители не ѝ дозволувале да оди во училиште, туку ја образувале дома, а таа се надева дека еден ден кога ќе порасне ќе стане актерка и модел или пак, анестезиолог.
Ера веќе се појавила во неколку филмови и на насловните страници на повеќе списанија, а како што може да се види од нејзините објави на Инстаграм, сега на 15 години повторно учествува во избори за мис.
Во продолжение погледнете повеќе фотографии и видете како изгледа Ера денес:
Б. С. Б. | Црнобело