Грозоморно злосторство во Италија: Тинејџери силувале 13-годишно девојче, политичарите бараат хемиска кастрација

По страшното силување на 13-годишо девојче во Италија, неколку италијански политичари побараа силувачите да се казнат со хемиска кастрација. Бидејќи напаѓачите биле Египќани кои престојувале во земјата нелегално, сега јавноста бара и построги казни за овој прекршок.

grozomorno-zlostorstvo-vo-italija-tinejdzheri-siluvale-13-godishno-devojche-politicharite-baraat-hemiska-kastracija-01.jpg

Веста за силувањето на 13-годишно девојче од Италија ја потресе Европа, а наводно италијанскиот вицепремиер Матео Салвини бара хемиска кастрација за злосторниците.

„Не ми зборувајте за ’толеранција‘ или ’грешка‘. Пред вакви ужасни ситуации, не може да има помилување, туку само еден лек – хемиска кастрација“, изјави тој за италијанските медиуми.

grozomorno-zlostorstvo-vo-italija-tinejdzheri-siluvale-13-godishno-devojche-politicharite-baraat-hemiska-kastracija-05.jpg

Исто барање имал и друг член на неговата партија, кој смета дека покрај доживотниот затвор, за силувачите и педофилите треба да има и хемиска кастрација.

Силувањето се случило на 30-ти јануари годинава, кога 13-годишното девојче се шетало со нејзиниот 17-годишен дечко.

Тие биле нападнати во парк во Сицилија од седум млади Египќани на возраст од 15 до 19 години.

grozomorno-zlostorstvo-vo-italija-tinejdzheri-siluvale-13-godishno-devojche-politicharite-baraat-hemiska-kastracija04.jpg

Напаѓачите ги одвеле во јавен тоалет каде што го силувале девојчето, а го натерале нејзиниот дечко да сведочи. Според изјавата на девојчето, таа била нападната од двајца, додека останатите гледале и го држеле нејзиниот дечко.

Откако успеале да побегнат, двајцата веднаш пријавиле во полиција и напаѓачите биле фатени во рок од 24 часа.

Според италијанскиот медиум La Republica, силувачите дошле во Италија на нелегален начин помеѓу 2021 и 2023 година (или 2022-ра според други медиуми).

grozomorno-zlostorstvo-vo-italija-tinejdzheri-siluvale-13-godishno-devojche-politicharite-baraat-hemiska-kastracija-03.jpg

Девојчето успеало да идентификува двајца од напаѓачите, а нејзиниот дечко останатите петмина. И ДНК анализата ги поврзала двајцата силувачи со нападот, пренесува италијанскиот медиум Corriere.

Наводно, најстариот напаѓач заедно со уште еден помагале во истрагата и тврделе дека тие не го силувале девојчето.

Четворицата полнолетни напаѓачи биле во притвор, додека тројцата малолетни биле задржани во центар за мигранти.

grozomorno-zlostorstvo-vo-italija-tinejdzheri-siluvale-13-godishno-devojche-politicharite-baraat-hemiska-kastracija-02.jpg

Едниот од малолетните напаѓачи сакал да избега, но бил фатен кога пробал да земе облека од неговиот дом.

Случајот предизвик лавина реакции во јавноста и многумина бараат построги казни за сексуалните престапници, но и построги мерки за оние кои влегуваат и престојуваат во земјата нелегално.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дечко ми ме замоли да престанам да работам, бев девојка - домаќинка, па ме остави“ Девојка од Калифорнија на Инстаграм презентираше дека води идиличен живот на дом...
Дечко од Велика Британија ја запроси саканата со напис на овен (фото) „Па, ова не е баш тоа што го очекуваш кога ќе тргнеш да бараш овца на рид, но......
Ослабел 108kg, па пак се здебелил, невестата е 1.300 пати посиромашна од него - Факти за индискиот п... Младоженецот ги оставил сите со подзината уста кога ослабел 108 килограми во 18 ...
Вирално видео: Девојче (4) има совршен одговор за момчето што ѝ кажа дека не му се допаѓа нејзината ... „Ох, душо, се гордеам со тебе. Застана во своја одбрана, а тоа е важно. И важно ...
„Што трпат децата заради нереализираните мајки?“ - Девојче во солзи вежба ритмичка гимнастика „Моето храбро девојче“ – напиша гордата мајка до видеото на кое што се гледа как...
Близнаци милијардери обвинети за силување: „Во една вечер ме нападнаа и двајцата“ Им подметнувале на девојките дрога, ги носеле сосила во нивниот стан или на заба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg