Исповед на жена: „Родена сум од сурогат мајка – Како тоа се одрази врз мојот живот?“

„Моите родители беа многу богати и живеевме во прекрасни палати. Материјално не ми фалеше ништо, но на емотивен план, приказната беше поинаква“ – раскажува една Французинка, која уште во 90-тите години била родена со помош на сурогат мајка. За разлика од повеќето вакви случаи, девојката била зачната со јајце клетки на сурогат мајката.

ispoved-na-zhena-rodena-sum-od-surogat-majka-kako-toa-se-odrazi-vrz-mojot-zhivot-01_2.jpg

Оливија Маурел е жена од Франција која била родена од сурогат мајка, а на своите профили на социјалните мрежи зборува против оваа постапка и во подолга статија за Daily Mаil раскажа како тоа што доцна во животот дознала за своето потекло за малку ќе ѝ го уништело животот.

За разлика од големиот број деца кои денес се раѓаат со сурогат мајка, во кои мајката го носи ембрионот зачнат од биолошките родители, Оливија била зачната со јајце-клетките на нејзината сурогат мајка, која по породувањето само го предала бебето на нејзините богати родители.

ispoved-na-zhena-rodena-sum-od-surogat-majka-kako-toa-se-odrazi-vrz-mojot-zhivot-02.jpg

Французинката која денес е мајка на 3 деца раскажува дека отсекогаш ѝ било чудно тоа што била родена во Кентаки, САД, кога нејзиното семејство е од Франција, а живееле делумно и во Флорида.

Мајка ѝ ѝ раскажала дека Кентаки било местото каде што се одвивало дејствието во филмот Gone With The Wind, па таа сакала нејзиното дете да се роди на романтична локација, па дури и ѝ го дала името според нејзината омилена актерка во филмот - Оливија де Хавиланд.

„Моите родители беа многу богати и живеевме во прекрасни палати со голем број дадилки и послуга. Моето образование беше најдоброто што може да се купи со пари, одевме на одмори за какви што поголемиот број луѓе можат само да сонуваат. Материјално не ми фалеше ништо, но на емотивен план, приказната беше поинаква“ – раскажува таа.

ispoved-na-zhena-rodena-sum-od-surogat-majka-kako-toa-se-odrazi-vrz-mojot-zhivot-03.jpg

Оливија тврди дека додека била дете, чувствувала дека нејзините родители не ѝ искажуваат љубов и дека меѓу нив не постои поврзаност.

„Мајка ми имала 49 години кога сум се родила, па можеби заради возраста ѝ било тешко – или, пак, заради недостатокот на биолошка врска меѓу нас. Без разлика која е причината, меѓу нас не постоеше никаква поврзаност“ – раскажува Оливија.

ispoved-na-zhena-rodena-sum-od-surogat-majka-kako-toa-se-odrazi-vrz-mojot-zhivot-04.jpg

Како што растела, оваа жена почнала да ги спојува парчињата од сложувалката и почнала да се сомнева дека е родена од сурогат мајка, а кога во тинејџерските години сфатила дека нејзините родители многу долго ја лажат, работите почнале да излегуваат од контрола.

„Осамена и збунета тргнав, по патот на самоуништување. Пиев неконтролирано, постојано одев на забави и користев дроги само за да не размислувам за работите што ме опседнуваа: ‘Дали мајка ми воопшто ми е мајка? Која сум јас?’“ – раскажува таа.

Ваквото однесување продолжило сѐ додека на 20 години Оливија не била силувана додека била пијана, по што одлучила дека треба да побара помош од психолог.

ispoved-na-zhena-rodena-sum-od-surogat-majka-kako-toa-se-odrazi-vrz-mojot-zhivot-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg