Бил Клинтон сакал млади девојки – Сите детали за новите документи за педофилот Џефри Епстин

На новообјавениот документ во врска со случајот на педофилот Џефри Епстин се најдоа многу познати имиња, вклучувајќи ги Мајкл Џексон, Дејвид Коперфилд и Бил Клинтон. Но, не значи дека сите овие луѓе биле вклучени во одвратните злодела на Епстин. Сите детали за новите документи на сексуалниот злосторник.

bil-klinton-sakal-devojkite-da-bidat-mladi-site-detali-za-novite-dokumenti-za-djefri-epstin-01.jpg

Деновиве во сите странски медиуми топ тема се новообјавените документи на финансиерот Џефри Епстин, за кого се верува дека организирал оргии со малолетнички за голем број од неговите пријатели и бизнис соработници.

Случајот стана повторно актуелен, откако во средата (03.01) беше објавен документ од околу 1.000 страници на кој се најдоа имињата на голем број негови соработници.

Дел од нив биле корисници на неговите секс услуги со малолетнички. Важно е да се нагласи дека само затоа што нечие име се наоѓа на објавениот документ, не значи дека ги користел услугите што ги нудел Епстин.

bil-klinton-sakal-devojkite-da-bidat-mladi-site-detali-za-novite-dokumenti-za-djefri-epstin-06_copy.jpg

Документите се дел од тужбата што во 2015-та година била поднесена од една од неговите жртви Вирџинија Џуфре, која беше дел од големиот број жени кои го тужеа милијардерот затоа што сексуално ги злоставувал во неговите домови во Флорида, Њујорк, на Девствените Острови и во Ново Мексико.

Во своето детално сведочење, Вирџинија тврди дека кога наполнила 17 години била залажана додека работела како помошничка во клубот на Доналд Трамп „Мар а Лаго“ да почне да работи како масерка, а нејзиното работно место вклучувало и сексуални услуги.

bil-klinton-sakal-devojkite-da-bidat-mladi-site-detali-za-novite-dokumenti-za-djefri-epstin-07.jpg

Таа тврдеше дека била под притисок да има секс со британскиот принц Ендрју, а во 2022-ра година таа постигна спогодба за тужбата против неа.

Истата година таа го повлече и обвинението против поранешниот адвокат на Епстин, тврдејќи дека направиле грешка додека го идентификувале како злосторник.

Новообјавените документи содржат изјави на голем број девојки кои го обвинија Епстин, негови вработени кои ги раскажале своите приказни во таблоидите, но и други сведоци.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Исповед на скијач кој 23 часа бил затрупан под лавина и преживеал: „Не сум верник, но таа вечер се м... „Знаев дека не смеам да се предадам. Дека не смеам да заспијам, затоа што тоа ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg