Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Сите детали за трагичната приказна на инфлуенсерката што почина од неисхранетост, јадејќи само овошје

Приказната која го потресе светот... Инфлуенсерката Жана Самсонова пред својата смрт, имаше нешто повеќе од 10.000 следбеници на Инстаграм. Еден месец по нејзината смрт, овој број се искачи на скоро 40.000. „Поради исхраната, таа се топеше пред нашите очи, но веруваше дека е во ред. Само нејзините среќни очи и нејзината прекрасна коса го разубавуваа нејзиното тело измачено од идиотизам“, велат нејзините пријатели.

site-detali-za-tragichnata-prikazna-na-influenserkata-shto-pochina-od-neishranetost-jadejkji-samo-ovoshje-01.jpg

Жана Самсонова, со потекло од Русија, беше Инстаграм инфлуенсерка која промовираше „сиров веганизам“. Односно вегански начин на исхрана во кој се дозволени само сирови продукти.

Таа почина на 21-ви јули, наводно од изгладнетост, по што во јавноста почна да се води дебата за нејзиниот начин на исхрана.

Кон крајот на јули, мајката на 39-годишната Жана изјави дека починала од инфекција, налик колера, која се влошила поради рестриктивниот начин на исхрана.

Официјално не е откриена причината за смртта на Жана, но нејзините пријатели со изјави во разни медиуми, како и преку социјалните мрежи, открија дека нејзиниот екстремен веганизам дефинитивно имал улога.

Жана живееше во Тајланд, каде и што почина по кратка хоспитализација.

Пред својата смрт, Жана имаше нешто повеќе од 10.000 следбеници на Инстаграм. Еден месец по нејзината смрт, овој број се искачи на скоро 40.000.

Жана самата се нарекуваше „готвач на сирова храна“ и редовно споделуваше фотки и видеа од нејзините оброци.

Од објавите, изгледа како Жана навистина да се хранела разновидно, а нејзините оброци изгледаат примамливо и за оние кои не се вегани или вегетаријанци.

Но, според пријателите на Жана, таа сè повеќе си го ограничувала менито и пред смртта консумирала само овошје и овошни сокови.

„Пред неколку месеци, во Шри Ланка, изгледаше преморено, имаше потечени нозе. Ја испратија дома да побара лекарска помош. Но, побегна оттаму. Кога ја видов во Пукет, бев исплашена“, открива еден од нејзините пријатели.

„Живеев еден кат над неа и постојано се плашев дека некое утро ќе ѝ го најдам безживотното тело. Пробав да ја убедам да побара лекарска помош, но не ме слушаше“, додава друг пријател.

Додека на својот Инстаграм Жана тврдеше дека јадела многу овошје и консумирала овошни смутија и сокови, нејзин пријател тврди дека цели седум години, таа се хранела само од овошјето дуријан.

„Не треба да бидете лекар за да ви стане јасно кон што води сето ова. Поради исхраната, таа се топеше пред нашите очи, но веруваше дека е во ред.

Само нејзините очи, среќни очи и нејзината прекрасна коса го разубавуваа нејзиното тело измачено од идиотизам“, вели друг пријател.

Жана тврдеше и дека шест години се немала напиено вода бидејќи внесувала доволно течности преку соковите.

Проблемот со смртта на Жана е тоа што бројни нејзини следбеници веруваат дека нејзиниот начин на исхрана е соодветен и здрав. Поради ова, некои од нив се убедени дека таа не починала од неисхранетост, туку од хемикалиите со кои се прскало овошјето.

Но, повеќето вегани кои ја следат истакнуваат дека Жана дефинитивно имала нарушување во исхраната и се изгладнувала, како и дека тоа што го јадела таа не може ни да се нарече веганизам.

Дефинитивно, начин на исхрана на Жана е далеку од безбеден, но не е ист со сировото веганство.

Сепак, и сировото веганство може да биде опасно доколку не сте добро информирани за потребните на човечкото тело.

На следната страница дали и колку е безбедно „сировото веганство“..



Би можело да ве интересира:

„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа... Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...
Јапонија и сè е можно: Дечко дознал дека неговата девојка е 25 години постара од него, на денот пред... По 7 години врска, на денот пред свадбата, младоликата Јапонка Аки му признала н...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Купив стан за да живееме со партнерот, сега тој не сака да плаќа кредит – ме искористува ли?“ „Купив стан на мое име и кога го замолив дечко ми да помага со кредитот, ми рече...
Исповед на жена: „Ме силуваа на 62 години, мислев дека само младите девојки се жртви“ „Неколку месеци по силувањето чувствував болка во абдоменот и при уринирање, тес...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg