Дали бременоста на Хилари Свонк на 48 години им дава лажна надеж на жените?

Жена која останала бремена во доцните 40-ти години, а притоа има и јавна професија, лесно ќе поттикне надеж кај останатите жени дека и тие можат да го направат истото. Но, реално, голема е веројатноста дека не можат.

dali-bremenosta-na-hilari-svonk-na-48-godini-im-dava-lazhna-nadezh-na-zhenite-01.jpg

Помеѓу жените кои се во доцните 40-ти години, а кои биле на вештачко оплодување, помалку од 30% забремениле, а помалку од 20% родиле живи бебиња, а репортерката на News.com.au, Мери Медиган, смета дека бременоста на Хилари Свонк, која стана мајка на 48 години, само им дава лажна надеж на жените.

Медиган вели дека е среќна што Оскаровката успеа да забремени и роди две здрави деца, но според неа трендот постарите, познати жени да имаат бебиња, е погрешен.

Ова е нејзиниот коментар:

„Свонк ја објави добрата вест и не коментираше како се зачнати децата. Тоа и не е потребно, бидејќи бременоста е апсолутно нејзина работа.

Но, не може да се негира ни фактот дека жена која останала бремена во доцните 40-ти години, а која притоа има и јавна професија, нема лесно да поттикне надеж кај останатите жени. Нејзиниот пример како да им кажува на просечните жени дека и тие можат да го направат истото. Но, реално, најверојатно не можат.

Претпоставувам дека бременоста на Свонк се случила со помош на модерната наука. Непријатен биолошки факт е дека плодноста на жените почнува да опаѓа по 30-тата година од животот, па до крајот на 40-тите, статистички е речиси невозможно да се зачне по природен пат.

Со својата бременост Хилари се приклучи на листата познати жени кои родиле деца во подоцнежните години.

Хали Бери имаше 47 години кога го роди својот втор син. Џенет Џексон имаше 50 години кога стана мајка, а Гвен Стефани на 44 години го доби третиот син. И Џина Дејвис на 44 роди близнаци.

За мене, приказните за познатите личности кои родиле подоцна во животот, им даваат на обичните жени лажна надеж. Тоа ги тера да размислуваат на оваа тема, да посакаат да ја одложат бременоста, да решат да забременат подоцна. Да си велат: Ќе го живеам животот како Свонк!

Но, реалноста е дека раѓањето деца во средината или крајот на 40-тите години е резервирано за богатите, славните и за оние најсреќните.

Ако знаете дека вашата плодност драстично ќе се намали до средината на 40-тите години, но и дека во многу земји постојат старосни ограничувања за започнување процедурата за вештачко оплодување, можеби никогаш нема да забремените.

Дополнително, оваа процедура е многу скапа, па повеќето просечни жени не можат да си дозволат дури ни да се обидат да забременат по вештачки пат.

Познатите личности се многу богати, па не мора да се грижат за трошоците, а можат да си дозволат онолку обиди за вештачко оплодување колку што сакаат. 

Според истражувањето објавено во New York Times, жените кои во 40-тите години се обиделе да забременат со вештачко оплодување, помалку од 30% забремениле, а помалку од 20% родиле живи бебиња“, пишува Медиган.

Свонк објави дека е бремена минатата есен, на свои 48 години, а во април 2023 објави дека се породила и сподели прва слика со близнаците.

„Не беше лесно, но вредеше“, напиша тогаш актерката на Инстаграм.

Оттогаш Свонк не објавува фотографии со децата, но неколкупати во интервјуа изјави дека ужива во мајчинството.

Прочитајте и Хилари Свонк за првпат стана мајка на 48 години и објави фотка со близнаците: „Не беше лесно, но вредеше“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео) „Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и сл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg