Хилари Свонк за првпат стана мајка на 48 години и објави фотка со близнаците: „Не беше лесно, но вредеше“

„Не беше лесно, но вредеше. Честит Велигден од рајот“, напиша актерката Хилари Свонк и објави прва фотка со близнаците во прегратка, пресреќна и благословена што се оствари како мајка. 

hilari-svonk-rodi-bliznaci-na-48-godini-ne-beshe-lesno-no-vredeshe-01.jpg

Оскаровката Хилари Свонк на 48 години ги роди своит први деца, близнаци и објави фотка со бебињата. Тие се фотографирани на зајдисонце, додека Хилари ги држи во прегратка.

„Не беше лесно, но вредеше. Честит Велигден од рајот“, напиша Свонк.

Актерката откри дека таа и сопругот Филип добиле син и ќерка.

Хилари не ја криеше среќата, а нејзината радост ја споделија и многу колеги-актери кои ѝ оставија коментари на фотката.

Меѓу нив беа и Шерон Стоун, Виола Дејвис, Софија Буш, Џулиет Луис, Џеси Тајлер, тенисерката Марија Шарапова и многу други.

hilari-svonk-rodi-bliznaci-na-48-godini-ne-beshe-lesno-no-vredeshe-04.jpg

Тие велат дека се пресреќни за неа и дека Хилари дури сега ќе дознае што значи вистинско блаженство во животот.

За потсетување, Хилари откри дека е бремена во емисијата „Good Morning America“ и тогаш кажа дека со сопругот Филип Шнајдер очекуваат близнаци.

hilari-svonk-rodi-bliznaci-na-48-godini-ne-beshe-lesno-no-vredeshe-05.jpg

Хилари и Филип почнаа да се гледаат во 2016-та година, откако се запознаа преку заеднички пријатели. Се венчаа две години подоцна.

Прочитајте и Хилари Свонк за првпат бремена на 48 години - носи близнаци и го покажа трудничкото стомаче: „Ова е чудо“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...
Анџелина Џоли има нов дечко - 9 години помлад рапер Дали Анџелина Џоли навистина пронајде љубов после Бред Пит? Која карактеристика ...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg