Хилари Свонк за првпат бремена на 48 години - носи близнаци и го покажа трудничкото стомаче: „Ова е чудо“
- Детали
- четврток, 06 октомври 2022
„Мислам дека сме благословени, тоа е вистинско чудо, не ми се верува“ – актерката Хилари Свонк откри дека е бремена со близнаци на 48 години и дека таа и нејзиниот сопруг со нетрпение очекуваат да станат родители.
Актерката Хилари Свонк (48), многумина ја помнат по култниот филм од 90-тите „Карате кид“, или по филмот „Милион долар бејби“ за кого доби и Оскар за најдобра женска улога, а сега откри дека за првпат ќе стане мајка во петтата деценија од животот.
Таа гостуваше во емисијата Good Morning America, каде откри дека со нејзиниот сопруг Филип Шнајдер (49) очекуваат близнаци.
„Ова е нешто што го посакував долго време – и следно нешто што ќе направам е да бидам мајка и тоа не само на едно, туку на две дечиња... Не ми се верува. Навистина е прекрасно да бидам во можност да говорам за тоа и да го споделам“ – рече таа.
Набрзо по гостувањето, таа на својот Инстаграм профил објави видео во кое го гали трудничкиот стомак.
Хилари во гостувањето појасни дека одлучила подолго време да ја крие бременоста додека работела на снимањето на сериите Alaska Daily.
„Но, подоцна облеката ми стана тесна. Облеков јакна, но на тимот не му се допаѓаше изгледот, па ми рекоа: ‘Нема континуитет’, на што јас им реков: ‘Мислам дека е во ред’...“
Свонк рече дека е премногу возбудена заради бременоста и додаде:
„Мислам дека сме благословени, тоа е вистинско чудо, не ми се верува“.
Инаку, Хилари и Филип почнаа да се гледаат во 2016-та година кога се запознаа преку заеднички пријатели. Тие се венчаа две години подоцна.
Актерката уште во 2010-та година откри дека уште од многу мала возраст сонувала да стане мајка, но дека планира да чека сѐ додека не дојде вистинското време за да добие деца.
Б. С. Б. | Црнобело