Бразилка (63) има посетено над 56 држави: „Внуците не треба да бидат причина да седиме затворени дома“ (фото)
- Детали
- понеделник, 24 јули 2023
63-годишната Хосефа Феитоса решила дека нема да биде пензионерка која ќе се затвори дома, па од пензионирањето до денес има посетено над 56 држави ширум светот. Таа сака да ги мотивира другите жени на нејзина возраст да се охрабрат и да почнат да го истражуваат светот.
Хосефа Феитоса од Бразил има 63 години, а досега има посетено над 56 држави во Европа, Африка, Азија и Јужна Америка.
Уште поинтересно е што Хосефа знае само португалски јазик, но ова не ја спречило да го пропатува светот.
Откако се пензионирала, инспиративната жена одлучила дека нема да ги помине пензионерските денови затворена дома, па почнала да го истражува светот.
Нејзините деца и внуци биле пораснати, немала сопруг, и наместо да седи дома, решила да се пронајде себеси.
Цели 35 години таа била социјален работник, а кога заминала во пензија направила листа од земји кои мора да ги посети.
„Читав многу магазини за патување, па направив листа од 20 држави кои морам да ги видам пред да умрам“.
Хосефа вели дека почнала да штеди уште во 2008-ма, а ѝ биле потребни околу осум години за да собере доволно пари за да си го реализира сонот.
За себе, Хосефа вели дека е „во брак со светот“.
Иако најчесто патува сама, Хосефа сретнува многу пријатели на нејзините авантури. На неколку патувања, друштво ѝ правеле токму новите пријатели.
Хосефа има Инстаграм профил со речиси 30.000 следбеници каде споделува фотки и импресии од патувања.
За профилот вели дека го направила со цел да ги мотивира другите жени на нејзина возраст да се охрабрат и да патуваат.
Таа истакнува дека иако ги сака своите внуци и деца, тие не треба да бидат причина да седи дома.
„Сакам да им покажам на жените на моја возраст дека мора да излезат од кутијата што ја нарекуваат дом“.
Периодов Хосефа е во Бразил, но го планира и следното патување.