Лет во вселената, посета на „Титаник“ – Зошто милијардерите бараат адреналинска возбуда и плаќаат за екстремен туризам?

Според Grand View Research, за екстремниот туризам во 2022 милијардерите потрошиле околу 322 милијарди евра, а таа бројка се очекува да надмине 1 трилион евра во 2023 година.

„Како што ќе минува времето, така милијардерите ќе барат повозбудливи работи. Колку им е поекстравагантен животот, толку повеќе бараат нови предизвици, бидејќи старите им стануваат здодевни. Тоа е како дрога – секогаш ќе побарате уште. Но, тие на овој начин сакаат да ја покажат и својата моќ“, додава тој.

Милијардерите не штедат пари за своите екстремни задоволства.

beshe-preplashen-potresna-izjava-na-tetkata-na-momcheto-19-koe-zagina-vo-podmornicata-dali-nekoj-kje-odgovara-za-negovata-smrt-9_copy.jpg

Патувањето до Северниот Пол чини 100.000 евра, според Wall Street Journal.

Но, некои милијардери не штедат пари и за да заработат пари. Па така, Џеф Безос, Илон Маск и Ричард Бренсон го развиваат астро-туризмот и носат луѓе во вселената.

Сопственикот на Virgin Galactic Holdings, Бренсон, откри дека првиот туристички комерцијален лет на неговата компанија, наречен Galactic 01, ќе се реализира меѓу 27 и 30 јуни 2023.

Компанијата, наводно, веќе има продадено 800 билети кои чинат меѓу 225.000 и 400.000 евра. Летот ќе трае 90 минути.

let-vo-vselenata-poseta-na-titanik-zoshto-milijarderite-baraat-adrenalinska-vozbuda-i-plakjaat-za-ekstremen-turizam-04.jpg

Вселенскиот туризам на компанијата Blue Origin на Џеф Безос функционира од 2021 година. Првиот билет Безос го продаде за 26.5 милиони евра.

Летот денес е поевтин, а трае 10 минути – патниците летаат на висина од околу 106km и доживуваат бестежинска состојба, а потоа се враќаат на земјата.

Јапонски милијардер веќе купил билет за првиот лет на ракетата SpaceX Starship на Маск.

Патувањето ќе вклучи 3-дневно кружење на ракетата околу Месечината и ќе дојде на 200km од лунарната површина.

Иако требаше да се реализира во 2023, овој лет е одложен поради дополнителни испитувања.

let-vo-vselenata-poseta-na-titanik-zoshto-milijarderite-baraat-adrenalinska-vozbuda-i-plakjaat-za-ekstremen-turizam-06.jpg

Бренсон, пред да почне да нуди летови во Вселената, самиот одеше на екстремни патувања со воздушен балон.

Тој првиот лет над Тихиот Океан со воздушен балон го имаше во 1991 година.

Неколку милијардери со хеликоптер слетаа на рамниот врв на планината Рораима, која се наоѓа на границата меѓу Венецуела и Бразил.

До врвот на планината скоро и да не може да се стигне од подножјето на планината, но најбогатите луѓе доаѓаат таму со стил, во своите приватни хеликоптери.

Според Д-р Лајонс, потрагата по возбуда не е единствениот двигател за ваквите екстремни авантури, туку и желбата за натпревар со другите милијардери.

A. J. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Освоив 172 милиони евра на лото - Како добивката ми го уништи животот?“ Родителите престанале да разговараат со неа затоа што сметале дека не им дала до...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
„Патник ме нарече ужасна мајка за време на авионски лет, а врескаше и по моите деца“ „Моето 2-годишно дете направи мал инцидент и во тој миг еден патник кој седеше б...
60-годишни жени од Шпанија мислеле дека се во врска со Бред Пит - Како измамници им зеле над 320.000... Ако Бред Пит ве убеди дека ве сака, ќе му дадете 150.000 евра за бизнис, нели!? ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg