Компанијата на Илон Маск го лансираше во вселената првиот екипаж составен само од вселенски туристи (фото+видео)
SpaceX лансираше четворица туристи во вселената, а она што го прави овој подвиг посебен е фактот дека со нив нема ниту еден искусен астронаут. Односно, ова е првата вселенска мисија во која се вклучени само аматери, а не и искусни астронаути.
Екипажот беше лансиран со ракетата Falcon 9, во леталото Crew Dragon, а мисијата си го доби името Inspiration 4.
Лансирањето на 15 септември помина успешно, а астронаутите-аматери ќе поминат три дена во орбита, до 18 септември.
Екипажот го сочинуваат четворица луѓе на возраст од 29 до 51 година, кои го поминаа најосновниот тренинг што го минуваат астронаутите за да се подготват за подвигот.
Трошоците за летот се покриени од Џаред Исакман, кој е дел од екипажот, но не е познато колкава сума потрошил за ова.
Со ова лансирање се постигнаа неколку големи цели во врска со вселенските патувања:
- Како што напоменавме, ова првиот вселенски лет со екипаж составен само од аматери.
- Ова е првиот вселенски лет каде што пилотот е жена со афроамериканско потекло.
- Дел од екипажот е најмладиот Американец кој бил лансиран во вселената.
- Ова е првиот приватен лет на SpaceX, односно првиот лет финансиран од една личност - Џаред Исакман.
Во продолжение, фотки и видеа од првата вселенска мисија од овој вид:
Екипажот пристигнува, подготвен за лансирање
Екипажот е во леталото и се подготвуваат за лансирање
Екипажот во леталото неколку минути пред лансирање
Успешното лансирање
Одвојување на ракетата и леталото
Погледот од куполата на леталото Crew Dragon
Први фотки од астронаутите аматери во орбитата на Земјата
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:



