Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Родителите биле на вечера кога таа исчезна, ги обвинуваа дека го скриле нејзиното тело – Која е Медлин МекКен, девојчето по кое се трага 16 години?

Во 2008-ма година португалската полиција го затворила случајот, но мајка ѝ на Медлин, Кејти објавила книга во 2012-та година и во 2013-та година британската полиција потврдила дека има околу 41 лице што би можеле да бидат осомничени за киднапирањето.

Во 2014-та година BBC објавил фотографии од маж кој носи русокосо девојче во Праја да Луз во истиот период кога Медлин исчезнала и ова бил доволен мотив за Португалија повторно да ја отвори истрагата.

roditelite-bile-na-vechera-koga-taa-ischezna-gi-obvinuvaa-deka-go-skrile-nejzinoto-telo-koja-e-medlin-mekken-po-koja-16-godini-se-traga-05.jpg

Првиот доказ бил добиен во 2020-та година, кога со помош на германската полиција било утврдено дека германскиот осудуван педофил Кристијан Брукнер престојувал во истиот период со кампер во непосредна близина на одморалиштето каде било сместено семејството на Медлин.

roditelite-bile-na-vechera-koga-taa-ischezna-gi-obvinuvaa-deka-go-skrile-nejzinoto-telo-koja-e-medlin-mekken-po-koja-16-godini-se-traga-15.jpg

Германската полиција тврди дека Брукнер има поврзаност со исчезнувањето на Медлин, но засега немаат докази што ќе го потврдат тоа. Според тврдењата, тој една вечер додека бил пијан, делото му го признал на својот најдобар пријател.

roditelite-bile-na-vechera-koga-taa-ischezna-gi-obvinuvaa-deka-go-skrile-nejzinoto-telo-koja-e-medlin-mekken-po-koja-16-godini-se-traga-04.jpg

Во таа насока се одвива и потрагата во резервоарот во близина на Праја ла Луз, а властите веруваат дека педофилот најверојатно го убил девојчето и се бараат докази.

roditelite-bile-na-vechera-koga-taa-ischezna-gi-obvinuvaa-deka-go-skrile-nejzinoto-telo-koja-e-medlin-mekken-po-koja-16-godini-se-traga-14.jpg

Се смета дека британската полиција досега потрошила 13 милиони британски фунти за потрагата по девојчето, а во 2019-та година на Нетфликс беше објавен филм посветен на мистериозното исчезнување на Медлин, насловен The Disappearance Of Madeleine McCann.

Досега имало повеќе дојави во кои голем број очевидци тврделе дека виделе девојче што наликува на Медлин, во Нов Зеланд, Европа, Африка и САД, а една девојка дури и тврдеше дека таа е Меделин, но со ДНК анализа беше докажано дека нејзините тврдења не се точни.

roditelite-bile-na-vechera-koga-taa-ischezna-gi-obvinuvaa-deka-go-skrile-nejzinoto-telo-koja-e-medlin-mekken-po-koja-16-godini-se-traga-22.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кафе со шеќерна волна и уште 15 фото-докази колку уникатна земја е Кина Во трговски центар има „остава за мажи“, односно место каде жените може да си ги...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Наставник бил фатен како гледа филмови за возрасни за време на час - си дал отказ По 40 години работа како професор, Русин морал да си даде отказ откако заборавил...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg