Дресот од натпреварот со Македонија, Роналдо го даде на мајка му: „Уште мириса на потта на мојот борец“
- Детали
- среда, 30 март 2022
„Го чувствувам мирисот на мојот борец“ – напиша меѓу другото мајката на Кристијано Роналдо откако тој ѝ го подарил испотениот дрес што го носел на натпреварот против Македонија.
По мечот со Македонија, Кристијано Роналдо одлучи да ѝ го подари на неговата мајка Марија Долорес, дресот што го носеше на натпреварот.
Марија Долорес (67) објави фотографија на Инстаграм на која го носи португалското знаме, но го покажува и дресот што ѝ го подарил нејзиниот син.
„Честитки до Португалија за победата и обезбеденото учество на Светското првенство. Благодарам на мојот син за испотениот дрес. Сѐ уште го чувствувам мирисот на мојот борец“ – напиша таа до фотографијата.
Инаку, репрезентацијата на Португалија извојува победа над Македонија во фудбалскиот натпревар што се одигра вчера (29.03) со резултат 2:0 и со тоа обезбеди пласман на Светското првенство во Катар.
Роналдо, иако во неколку наврати се „закани“ кон македонскиот гол, не успеа да реализира.
Неговата бремена девојка Џорџина Родригез и децата не беа во можност од трибините да навиваат за него, но сепак тука беше мајка му за да му ја даде неопходната поддршка на натпреварот.
Претходно Џорџина објави фотки со нивните деца, додека Кристијано се подготвуваше за важниот натпревар.
Б. С. Б. | Црнобело