„Португалците се сликаат со нас“ - македонските навивачи ја пренесуваат атмосферата од Порто за CRNOBELO.com (фото+видео)

„Пристигнавме во Порто со чартер лет од Скопје - оваа прилика не се пропушташе. Фан зоната е преполна со македонски навивачи, се пие пиво, се пеат македонски песни на микрофон. Порто е обоен во црвено-жолти бои!“ - велат за CRNOBELO.com македонските навивачи кои заминаа со цело срце да ги бодрат нашите фудбалери. Фотки и видеа од атмосферата во Порто. 

portugalcite-se-slikaat-so-nas-makedonskite-navivachi-ja-prenesuvaat-atmosferata-za-crnobelo-com-foto-video-01.jpg

Во очекување на вечерашниот натпревар помеѓу Македонија и Португалија, кој е одлучувачки за пласман на Светското фудбалско првенство, атмосферата на улиците низ Порто сѐ повеќе се вжештува, а возбудата е започната уште во раните утрински часови за време на летот кон Порто. 

Македонските навивачи опремени со дресови, шалови и капи во боите на нашето знаме, со цело срце пеат и навиваат за нашите момци кои вечерва (29.03.2022) ќе имаат можност да испишат историја. 

makedonskite-navivachi-ja-prenesuvaat-atmosferata-od-porto-za-crnobelo-com-podgotveni-za-istoriska-pobeda-foto-video-03.jpegфото: Ѓоко Шуклев

Дел од навивачите кои заминаа да ја бодрат Македонија во Порто, ја споделуваат атмосферата за CRNOBELO.com...

„Има ли момчиња Македончиња? Излези момче...!“ - ечи во фан зоната на македонските навивачи преку микрофон и музички инструменти.

„Стигнавме утрово во Порто со чартер лет од Скопје. Улиците се преполни со македонски навивачи со дресови, се пеат македонски навивачки песни на цел глас. Градот е преубав, а луѓето пријателски настроени.  Португалците се смеат, аплаудираат, а дури сакаат и да се сликаат со нас“ - вели Дарко за CRNOBELO.com.

izlezi-momche-echi-vo-porto-makedonskite-navivachi-ja-prenesuvaat-atmosferata-za-crnobelo-com-foto-video-4.jpgфото: Дарко Пановски, Порто

izlezi-momche-echi-vo-porto-makedonskite-navivachi-ja-prenesuvaat-atmosferata-za-crnobelo-com-foto-video-6.jpgфото: Дарко Пановски, Порто

„Атмосферата од почетокот на патувањето е преубава, цел авион беше преполн со македонски навивачи кои од раните утрински часови накитени со македонски знамиња ги пееја традиционалните песни. По пристигнувањето се упативме кон нашата фан зона на плоштад. Градот Порто е обоен во црвено-жолти бои!“ - изјавува навивач од Порто за CRNOBELO.com

portugalcite-se-slikaat-so-nas-makedonskite-navivachi-ja-prenesuvaat-atmosferata-za-crnobelo-com-foto-video-6.jpgфото: Ѓоко Шуклев, Порто

Подготвени за историска победа, Македонците се вистинска атракција во Португалија. Напред Македонија!

makedonskite-navivachi-ja-prenesuvaat-atmosferata-od-porto-za-crnobelo-com-podgotveni-za-istoriska-pobeda-foto-video-02.jpgфото: Ѓоко Шуклев

portugalcite-se-slikaat-so-nas-makedonskite-navivachi-ja-prenesuvaat-atmosferata-za-crnobelo-com-foto-video-2.jpgфото: Ѓоко Шуклев

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивна сцена на мечот на Рафел Надал: Синчето внимателно гледа, сопругата плаче за загубата Сопругата на Рафаел Надал, Марија Циска Перељо, со солзи во очите ја проследи за...
Златни момци! Нашите кошаркари до 18 години се европски шампиони - 8 натпревари без пораз во Скопје Горди сме на нашите момци - кошаркарите до 18 години го освоија првото злато на ...
Шампањ, факели и српска музика во луксузен ресторан – Како ја прослави Новак Ѓоковиќ победата во Пар... Со шампањ, факели и патриотска српска песна Новак Ѓоковиќ среде Париз го прослав...
Директорот на млади категории на гигантот Пик Сегед во улога на тренер и предавач на кампот „40х20“ ... Еднодневниот бесплатен семинар, ќе се одржи за време на кампот во Охрид и истиот...
Која е девојката на Ламин Јамал: Има над 330.000 следбеници на ТикТок, ја славеше титулата со негово... Се гушкаат на теренот, прават селфи и таткото на фудбалерот го фотографираше заљ...
Секоја чест! Македонката Катерина Ацевска е европска вицешампионка во џиу-џицу Македонија има убави вести за славење, нашата Катерина Ацевска го освои сребрени...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg