Често менува партнери, мажите лудуваат по неа – Што знаеме за Дилета Леота, најзгодната спортска презентерка?
- Детали
- петок, 29 октомври 2021
Италијанката Дилета Леота (29) важи за најзгодната спортска презентерка во светот, а неодамна беше во фокусот на јавноста по вестите за раскинувањето на свршувачката со турскиот актер Џан Јаман (31).
Дилета и Џан ја официјализираа врската на почетокот на оваа година, за само во октомври италијанската презентерка да открие дека раскинале:
„Сè беше брзо и убаво. Сепак комплицирано е кога ќе се вљубиш во толку познат маж и да ја направиш пресметката за сите овие работи.
Сакам да бидам искрена, но зад екраните постои реален живот и навистина беше тешко да ја сочуваме приватноста.“ – вели таа.
Дел од медиумите тврдеа и дека нивната врска била исценирана за јавноста, но таа ги отфрли ваквите тврдења и рече дека тие мошне ја повредиле.