Меси се расплака на последниот прес за Барселона, клубот во кој ја помина кариерата (видео)
- Детали
- недела, 08 август 2021
„Цел живот бев тука, од 13 години. По 21 година си одам, многу ми е тешко, не сум подготвен за ова“ - со растреперен глас и солзи во очи изјави Меси на последната прес-конференција за Барселона, каде ја помина цела кариера.
По 21 година поминати во клубот во кој ја започна својата кариера, Лионел Меси заминува од Барселона.
Денес тој ја одржа последната прес-конференција за клубот со солзи во очите, но уште нема одлучено каде ќе ја продолжи кариерата.
Тој беше пречекан со силен аплауз од новинарите, што го расплака, а откако си даде минута да се смири, го започна говорот со растрперен глас.
„Многу ми е тешко ова после толку години, тука бев цел живот. Не сум подготвен за ова. Бев убеден дека ќе останам тука, во мојот дом. Тоа го сакавме. Времето кое го поминавме во овој град беше прекрсно. Денес морам да се збогувам со сето ова. Цел живот бев тука, од 13 години. По 21 година, си одам со сопругата и со трите деца. Не можам да кажам дека нема да се вратиме, ова ни е дом, многу сум благодарен на моите поранешни соиграчи, на клубот, на сите луѓе кои ме почитуваа.“ – кажа тој на последната прес-конференција.
https://www.youtube.com/watch?v=IL8gh1WSrao&ab_channel=Sylaaz
Повеќе за неговата емотивна поврзаност со фудбалскиот клуб Барселона и причината за заминување, прочитајте ТУКА.
М. М. | Црнобело