Јоаким Лев напушти во свој стил со грозните навики – и на последниот натпревар го чепка носот, па устата (видео)
- Детали
- среда, 30 јуни 2021
Германскиот тренер ја заврши 15-годишната кариера како предводник на германската репрезентација, а покрај успесите, ќе биде запаметен и по неговите грозни навики кои често ги покажуваше на теренот.
Познавачите на фудбалот знаат дека кога игра германската репрезентација големи се можностите и нивниот тренер Јоаким Лев, познат како „Диригентот“ да биде уловен како ни приредува некоја нова „гадост“.
Тој и по загубата на неговата репрезентација синоќа (29.06) одлучи да си замине „славно“. Иако првично изгледаше како само да го допира носот, не се воздржа па рацете ги стави во уста.
Видеото стана вирално на социјалните мрежи, а твитерџиите побрзаа да го дадат своето мислење за германскиот тренер.
Голем број од нив коментираа дека иако Германија го загуби натпреварот и не продолжи понатаму, сепак, тие се победници затоа што ќе се спасат од „гадните“ навики на нивниот тренер.
Во една прилика во минатото, тој беше снимен како го чепка носот, па неколку секунди подоцна се ракува со Роналдо.
https://www.youtube.com/watch?v=38zUdhvBpdE
Германскиот тренер со синоќешниот пораз ја завршува 15-годишната кариера како предводник на германската репрезентација, време во кое можевме да видиме како ги става рацете во панталоните, а потоа ги мириса, го чепка носот и уште многу други непријатни и бизарни моменти по кои стана препознатлив.
Сепак, без разлика на сите „гадости“ што беа придружен дел од неговата кариера, тој ќе остане запаметен и по големиот број успеси што ги постигна со репрезентацијата.
Под негово водство Германија победи на Светското првенство во фудбал во 2014-тата, а тој беше избран за тренер на годината.
Во 2016-тата година на Европското првенство Германија стигна до полуфиналето, но го загуби првенството од Франција.
Лев ја предводеше и германската репрезентација кога тие како апсолутен фаворит на домашен терен загубија од Македонија во квалификациите за СП 2022.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





