Семејството на Жозе Мурињо: 30 години е во среќен брак, сопругата не верува во гласините за афери, а децата ги крстиле по нив
- Детали
- среда, 30 јуни 2021
Жозе и сопругата Матилде се знаат од деца, а се венчале на 18 години - во 30 години брак, неколкупати имаше гласини за љубовни афери на Мурињо, но сопругата секојпат останува покрај него и не верува во нив.
Жозе многупати нагласил дека нему му е мошне важна поддршката што ја има од семејството за кариерата, а за жал неговиот брачен живот честопати бил мета на написи во таблоидите.
Малкумина знаат дека тој и неговата сопруга Матилде Фарија се во брак над 30 години во брак, иако биле мошне млади кога решиле да застанат на „лудиот камен“. Жозе и Матилде стапиле во брак во 1989-тата година на возраст од само 18 години.
Нивната приказна оди уште поназад. Тие заедно израснале во Сетибал Португалија, а нивната врска почнала уште кога и двајцата биле тинејџери. Како интересен факт се споменува и тоа што тие живееле во истата населба.
Нивната прва ќерка Матилде Мурињо е родена во 1996 година, а 4 години подоцна во 2000-тата го дочекале и синот Жозе Марио. Забележително е дека децата ги носат имињата на нивните родители, а ќерката Матилде честопати помеѓу пријателите и семејството ја викаат „Тита“.
https://www.instagram.com/p/CHMBePfBbbd/?utm_source=ig_web_copy_link
Во јавноста нема многу податоци за образованието на Тита, но се верува дека таа студирала уметност во Лондон.
https://www.instagram.com/p/CP6Sxh9BTo_/?utm_source=ig_web_copy_link
Синот Жозе Марио веќе има 25 години и е еден од најпознатите шпански фудбалери. Во 2016-тата година тој потпиша договор со Фулам, но по само една година мораше да го напушти тимот поради повреда на зглобот. Младиот Жозе Марио порасна играјќи за младинските тимови на Челзи и Реал Мадрид.
Кариерата ја започна како голман, слично како неговиот дедо, кој прво бил голман, а потоа и менаџер.
Кога станува збор за присуството на социјалните мрежи, сопругата Матилде ретко е присутна на своите профили, но Матилде помладата (ќерката) редовно објавува фотографии на својот Инстаграм профил.
Освен тоа, помладата Матилде ги користи и социјалните мрежи за да го промовира накитот што таа го изработува.
Што се однесува до бракот на Жозе и Матилде, тие досега повеќепати биле жртви на озборувања и контроверзии. Честопати низ годините имаше написи во кои се тврдеше дека Жозе ја изневерува сопругата.
Во 2007-мата година набрзо откако беше отпуштен од Челзи, имаше написи дека тој имал афера со Елса Суса, која траела две години, а Матилде не знаела за тоа.
Елса тврдеше дека наводно живеела осум месеци заедно со Мурињо во неговиот службен стан, а тој дури и ја запознал со сопругите на фудбалерите кои биле во шок кога вистинската г-ѓа Мурињо се појавила.
Сепак, Матилде и покрај сè остана до крај со својот сопруг и тврдеше дека овие пишувања се само лаги измислици.
По три години во 2010-тата година имаше нови гласини кога Лелесит Силван тврдеше дека имала афера со португалскиот тренер. Според нејзината приказна, тие се запознале за време на неговиот престој во Кенија и наводно заедно биле на неколку патувања во Полска.
Таа тврдеше дека тој ѝ рекол дека ќе се разведе од сопругата и дека ја побарал за жена. Уште еднаш Жозе и Матилде останаа заедно и покрај сите гласини и озборувања.
Гласините и озборувањата биле постојани. Понекогаш доволно е само Жозе да се појави без прстен па да започнат пишувањата дека се разведува со Матилде. Таков пример е и објавувањето на повеќе фотографии од Жозе и нивната семејна пријателка Пру Картер, која работи за IBM.
Како и да е, и покрај сите афери, натписи, кризи во кариерата, до Жозе секогаш стоела неговата сопруга Матилде, повеќе од три децении.
Б. С. Б. | Црнобело