Најубавата македонска навивачка на Европско за CRNOBELO.com: „Во Букурешт бев 6 дена, чувството е неописливо“
- Детали
- сабота, 19 јуни 2021
Убавата каратистка Моника Стефановска која стана хит на Европското првенство како една од нашите најубави навивачки како си поминала во Букурешт.
Огромно внимание привлече убавата црнокоса која го вееше македонското знаме на трибините на Европското првенство во Букурешт како поддршка за нашите фудбалери.
Откривме дека станува збор за Моника Стефановска, позната македонска каратистка, а сега и кусо проговоривме со неа.
Таа за CRNOBELO.com ги споделува впечатоците од Букурешт:
„Во Букурешт бев 6 дена бидејќи сакав да ги гледам двата натпревари. На денот на натпреварот против Австрија многу македонски навивачи и поддржувачи беа во стариот дел од градот каде што се собравме и направивме атмосфера за паметење.
Чувството да се слушне македонската химна за првпат на едно вакво големо натпреварување е неописливо.
Како верен фан на македонската фудбалска репрезентација секогаш верувам во победа и бев многу разочарана поради поразите против Австрија и Украина, но не смееме да заборавиме дека самиот пласман на Европското првенство е една голема победа како за македонскиот фудбал така и за целата држава.“
С. С. | Црнобело