Олимписките игри во Токио одложени заради корона вирусот
- Детали
- вторник, 24 март 2020
Поради пандемијата со корона вирусот, овогодишните Олимписки игри, кои требаше да се одржат во Токио, Јапонија, се одложени за следната година.
Според Интернационалниот олимписки комитет, настанот кој беше закажан за 24-ти јули ќе се одложи за 2021-ва година, не подоцна од летото.
Предлогот го дал премиерот на Јапонија, а Kомитетот веднаш се согласил.
Наводно, Комитетот си дал рок од 4 недели за да одлучи што ќе се случува со Игрите, но поради притисокот од ширењето на вирусот, морале да донесат брза одлука.
„Во понеделникот, генералниот директор на Светската здравствена организација изјави дека пандемијата се ’забрзува‘.
Во сегашните околности и според информациите од СЗО, претседателот на Комитетот и премиерот на Јапонија заклучија дека Олимписките игри во Токио мораат да бидат презакажани за после 2020-та, но не подоцна од летото 2021-ва, со цел да се зачува здравјето на спортистите, сите вклучени во Олимписките игри и интернационалната заедница“, изјавија од Интернационалниот олимписки комитет.
Во 124-годишната модерна историја на Игрите, ова е првпат да бидат одложени. Сепак, Игрите беа откажани трипати – во 1916, 1940 и 1944, поради двете светски војни.
Спирова С. | Црнобело