Говорот на ЛеБрон, дресови од Коби низ цела сала, солзи во очи – емотивно збогување на Lakers

ЛеБрон имаше емотивен говор за Коби, трибините беа прекриени со дресови од Брајант со број 8 и 24, на првите седишта беа обезбедени места за Коби и Џиџи, а беше подготвено и емотивно видео со најдобрите моменти од неговата кариера - како Lakers му оддаде почит на легендарниот кошаркар пред првиот натпревар по трагичната смрт?

govorot-na-lebron-dresovi-od-kobi-niz-cela-sala-solzi-vo-ochi-emotivno-zboguvanje-na-lakers-01.jpg

Lakers се вратија на терен за првпат по смртта на Коби и неговата ќеркичка, а му оддадоа огромна чест во Staples центарот или како што многумина го нарекуваат – домот кој Коби го изгради.

На трибините, секое седиште беше покриено со дрес од Брајант – на пола арена беа поставени дресови со број 8, а на другата половина – со број 24.

govorot-na-lebron-dresovi-od-kobi-niz-cela-sala-solzi-vo-ochi-emotivno-zboguvanje-na-lakers-02.jpg

govorot-na-lebron-dresovi-od-kobi-niz-cela-sala-solzi-vo-ochi-emotivno-zboguvanje-na-lakers-03.jpg

Во првиот ред пак, беа „резервирани“ две места за Коби и Џиџи со букет од ружи и нивните дресови, а Ванеса Брајант напиша – „Нема број 24, без број 2“.

https://www.instagram.com/p/B8Axc2Oj4pl/

Пред натпреварот, ЛеБрон Џејмс не ја исупушти шансата да му оддаде почит на Коби, со зборовите (говорот почнува од 01:47):

„Во одреден момент ќе имаме меморијал за Коби, но ова сега го гледам како славење. Ова е славење на 20-те години крв, пот, солзи и изморено тело. Вечерва го славиме детето кое дојде овде на 18 години и се пензионираше на 38, и стана најдобриот татко кој го имавме видено во последниве 3 години.

Со зборовите на Коби ‘Mamba out’, но со наши зборови ‘Никогаш заборавен. Продолжи да живееш брату’“. – вака гласи дел од говорот на Џејмс, кој прво имал подготвено текст, но го фрли листот и продолжи да зборува од срце.

Пред натпреварот, Lakers му оддадоа чест на Коби и со емотивно видео, кое ги прикажуваше најдобрите моменти од неговата кариера во NBA, за нарација беа искористени зборовите на Брајант, а во позадина одеше песната Hallelujah.

Публиката извикуваше „Коби“ и „Џиџи“ во еден глас, а видеото предизвика силни емоции кај публиката, и нема да остави никого рамнодушен.

Hallelujah - Kobe Bryant Tribute

Posted by Los Angeles Lakers on Friday, January 31, 2020

Пред арената и во арената, сите беа облечени во дрес од Коби и му оддадоа почит на трагично загинатиот кошаркар.

“You guys will always be in my heart.” @ Staples Center

Posted by Los Angeles Lakers on Friday, January 31, 2020

Iconic in so many ways.

Posted by Los Angeles Lakers on Friday, January 31, 2020

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивна сцена на мечот на Рафел Надал: Синчето внимателно гледа, сопругата плаче за загубата Сопругата на Рафаел Надал, Марија Циска Перељо, со солзи во очите ја проследи за...
Надал емотивно објави дека ќе се пензионира: „Им благодарам на моите ривали, ќе ги памтам засекогаш“ „Тука сум да ви кажам дека ќе се пензионирам од професионалниот тенис. Им благод...
Починатиот кошаркар Дражен Петровиќ се „појави“ и прозборе преку холограм - публиката плаче и пее „К... Најемотивниот момент се случи кога во кошаркарската сала почнаа да излегуваат зл...
Турскиот Џон Вик и уште 11 највирални и емотивни моменти од Олимпијадата во Париз, низ фотки Моментот кога Лајлс во илјадатинка му ја украде победата на Јамајканецот со нава...
„Мора да ме почитувате“: Ѓоковиќ се налути и ѝ одржа лекција на публиката на Вимблдон + кои ѕвезди с... За време на вчерашниот натпревар на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ помисли дека публика...
Која е девојката на Ламин Јамал: Има над 330.000 следбеници на ТикТок, ја славеше титулата со негово... Се гушкаат на теренот, прават селфи и таткото на фудбалерот го фотографираше заљ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg