15-годишниот Селдо го освои второто место за Македонија на купот по уметничко лизгање во Италија
- Детали
- недела, 03 ноември 2019
Селдин Салиу првпат се натпреваруваше за нашата земја во уметничко лизгање и на купот во Италија викендов го освои второто место.
15-годишното момче од Ростуша, на 1-ви ноември за првпат се натпреваруваше во уметничко лизгање како претставник на Македонија, додека претходно бил дел од италијанската репрезентација.
Досега Селдо учествувал на 44 натпревари и дури 18 пати го освојувал првото место, па со причина треба да сме горди што ова момче професионално се натпреварува за нашата земја.
Викендов во Италија се одржуваше пријателски куп во уметничко лизгање, а Селдо се натпреваруваше во категоријата слободно лизгање - машки јуниори.
Момчето го освои второто место на купот, а сите се горди за неговиот успех, кој се надеваме дека уште повеќе ќе се зголемува во иднина.
Прочитајте повеќе за Селдин Салиу - Селдо ТУКА.
М. М. | Црнобело