Дора Ратјен, мажот кој освоил злато на Олимписките игри во женска категорија
- Детали
- петок, 23 август 2019
Во 1936-та година, Летните олимписки игри се одржувале во Берлин. Во историјата можете да ги сретнете и како „Нацистички олимписки игри“ кои навистина го привлекле вниманието на целиот свет поради бројните контроверзии поврзани со политиката на Третиот Рајх.
Со овие игри Хитлер открил можност да ја промовира својата идеја за надмоќта на чистокрвните Германци, но овој план го дочекала пропаст.
Од една страна, причината бил Џеси Овенс, афричко-американски атлетичар кој освоил 4 златни медали. Од друга страна, проблем била веста што стигнала до јавноста 2 години подоцна.
Станува збор за Дора Ратјен, маж преправен како девојка кој за време на Олимписките игри добил златен медал за скокање во височина, но во женска категорија.
Две години пред Олимписките игри, Дора го освоила 4-тото место во оваа дисциплина, но тогаш никој не ја забележал нејзината невообичаена конструкција.
Покрај тоа, во тој период атлетичарките имале широки рамена и мали гради како маж, па Дора воопшто не привлекла внимание.
Кога била приведена во Магдебург, Дора почнала да ја кажува вистината откако ѝ се заканиле дека ќе ја соблечат за да ја прегледаат.
„Родителите ме одгледаа како девојка. Поради ова, целиот живот носев женска облека. Помеѓу 10-тата и 11-тата година сфатив дека не сум женско. Беше што беше и никогаш не ги прашав своите родители зошто секогаш носам женска облека кога сум машко“, изјавила Дора за време на сослушувањето.
После лекарскиот преглед се утврдило дека Дора има секундарни одлики на маж, а во пределот на половите органи имала необична лузна. После соопштението, златниот медал го добила второпласираната атлетичарка, а Дора станала маж со име Хенри.
Хенри го наследил домашниот бизнис – водење бар, и го работел ова до крајот на животот обидувајќи се да ги избегне јавноста и новинарите.
Контроверзијата повторно се прославила кога во весникот Time била објавена статија за учеството на Хенри во планот на нацистите за да сме смени „непосакуваната“ натпреварувачка Гретел Бергман.
Гретел била дисквалификувана од игрите во 1936-та година поради нејзиното еврејско потекло. Потоа имигрирала во Америка каде што живеела до крајот на нејзиниот живот.
https://www.youtube.com/watch?v=DX9mc1MC0YY&feature=youtu.be
Спирова С. | Црнобело