Освојте патување во Дизниленд преку иницијативата на УЕФА за промоција на женски фудбал #PlayAnywhere
- Детали
- петок, 09 март 2018
Лив Кук, шампионка во Freestyle фудбал им се придружи на најголемите женски фудбалски ѕвезди од цела Европа во едно од најспектакуларните видеа некогаш направени, сѐ со цел да се зголеми партиципацијата на девојки во фудбалот.
#PlayAnywhere видеото беше снимано на 13 локации во пет земји од Европа, раширени низ 16.000 километри како дел од УЕФА проектот #WePlayStrong.
„Патувањето низ Европа како амбасадор на иницијативата #PlayAnywhere беше неверојатно искуство, преку кое се обидовме да им доловиме на девојките дека фудбалот навистина може да се игра секаде. Од кабина на жичарница до највисокото фудбалско игралиште во Европа, беше многу инспиративно да ги покажам своите вештини на овие невообичаени локации, и се надевам дека тоа ќе ги инспирира младите луѓе да земат фудбал и да се забавуваат низ овој прекрасен спорт. Со нетрпение ги очекувам пријавите на #PlayAnywhere и победниците со кои ќе имам чест да се запознаам во мај во Дизниленд во Париз.“ – рече Лив Кук, светски шампион во Freestyle фудбал.
Видеото го означува почетокот на натпреварот организиран од страна на УЕФА кој е отворен за сите 55 земји членки на УЕФА, и ги повикува девојките да постираат слики или видеа од игра со фудбалска топка на невообичаени места и локации, а главната награда е семеен викенд во Дизниленд, Париз. Покрај главната награда, натпреварувањето предвидува неделни награди од страна на учесничките во #PlayAnywhere видеото.
Учесниците можат да ги постираат своите видео клипови и слики сѐ до 30. април, 2018 година, а УЕФА ќе го објави победникот на 1. мај, 2018 година.
Со иницијативата #PlayAnywhere УЕФА добива уште една платформа за промоција на првата Пан-Европска кампања, Together #WePlayStrong која е интегрален дел од пет-годишниот стратегиски план во кој целта е фудбалот да стане спорт број еден за девојките и жените во Европа.
За да се биде дел од наградната игра, младите треба да постираат фотографија или видео од нив како играат фудбал на интересни и невообичаени локации. Задолжително треба да го тагнат @WePlayStrong и да го употребат хаштагот #PlayAnywhere.
Деталните услови за учество се објавени на: https://www.uefa.com/termsconditions/prizes.html
За повеќе информации за кампањата Together #WePlayStrong посетете ја веб страната: http://www.weplaystrong.org
https://www.youtube.com/watch?v=apV2o-qNvsY