Фотографија за која зборува целиот свет: Вака изгледаат нозете на велосипедист по Tour de France
- Детали
- понеделник, 28 јули 2014
Велосипедистот Bartosz Huzarski објави фотографија заради која доби огромно внимание на социјалните мрежи.
На неа се гледаат нозете по завршената 18-та етапа на Tour de France, кои изгледаат повеќе како „костим за Спајдермен, а не како нозе,“ пишуваат светските медиуми.
По објавувањето на фотографијата, велосипедистот беше мета на илјадници прашања, па реши да даде еден универзален одговор и детално објаснување:
„ Не очекував дека оваа фотографија ќе направи толкава збрка. За мене ова не е ништо посебно, затоа го гледам често, можеби не секојдневно, но често, посебно по тешките трки на високи температури. Луѓето пишуваат и мислат различни работи - дека е невозможно, ненормално, нездраво, дека е последица на допинг и слично...
Секако, нема да имам нозе како Викторијас Сикрет, ниту како госпоѓата од локалниот дуќан, ниту како некој кој поминува половина ден во канцеларија и 3 пати неделно трча или вози велосипед по околу 10 километри. Ова што го гледате на фотографијата не е нездраво.
Од друга страна, ќе ви објаснам на што се должи:
1. Професионален пристап
2. Жртвување и правилна исхрана
3. Боди билдинг
4. Минимални количини масти во телото
5. На тоа што веќе 12 години извозувам 35.000 километри годишно
6. Познавање на своето тело, затоа што ваква фотографија може да настане само во одредени околности. “