Вистинско пријателство: Чиј е дресот со кој славеше Марио Геце?
- Детали
- вторник, 15 јули 2014
Да се биде главен и единствен „виновник“ за победата и триумфот на Германија, да се постави на врвот во светот на фудбалот, наспроти една славна Аргентина и да се има само 22 години, навистина треба да се биде чудо од фудбалер како Марио Геце.
Младо момче кое сè уште не е свесно што направи и каква историја испиша. Неговото име ќе биде запишано како единствено кое го одбележа финалето на Светското фудбалско првенство во Бразил 2014 година.
Можеби досега само се наслушнуваше за него, но после фантастичниот одлучувачки гол, нема да има некој што не го знае неговото име.
Но, покрај сета фудбалска големина, неговата човечност е поголема, посебно кога се однесува на вистинските пријатели. Во целата еуфорија и слава, ниту за момент не заборави на повредениот другар и соиграч, Марко Ројс, кој не можеше да настапи и да се радуваат заедно.
Погледнете што направи Геце во име на вистинското пријателство:
1. Го даде единствениот победнички гол во финалето
2. Беше прогласен за играч на натпреварот
3. За време на целата прослава држеше еден дрес плус, кој не беше негов...
4. Туку на неговиот соиграч Марко Ројс кој се повреди и не можеше да игра на СП:Бразил
5. Геце и Ројс беа соиграчи и во Борусија Дортмунд
6. Пријатели се и надвор од терените
7. За оние кои мислат дека се геј, нека ги погледнат нивните девојки