Шок, солзи и еуфорија во исто време: Бразил скршен од болка, Германија во транс од славење (фото)
- Детали
- среда, 09 јули 2014
Фудбалските фанови добија неверојатно историско доживување на едно светско полуфинале. Најтешкиот пораз што можеше да се доживее му се случи на домаќинот Бразил, од секогаш силната и прецизна Германија.
Забележаа победа за која не ни сонувале и која досега не се случила. Испишаа нова историја со петте голови за неполни 30 минути од почетокот на натпреварот.
Шок, неверување и солзи се лееја на зелено-жолтите трибини во Бело Хоризонте. Целата бразилска нација е ранета како никогаш претходно.
Додека сите веруваа дека Бразил има сигурен влез во финалето, првата опомена дојде со повредата на Нејмар и исклучувањето на капитенот Тијаго Силва уште во претходниот меч.
Сепак, надежта и вербата во најфудбалската нација не им дозволуваше да се посомневаат во успехот, а уште помалку да помислат на пораз од 7-1.
Но, кога се игра со Германија која секогаш е моќна, прецизна, технички пресметана и ослободена од сите психолошки притисоци, може да се очекува сè.
По првиот гол на Милер и брзиот втор гол на Клосе, еуфоријата која настана им даде сила за во рок од 6 минути да постигнат уште дополни 3 голови со што прославата на Германците низ целиот свет се разнесе како лудило.
Додека Бразилците, од најмали до најстари, и мажи и жени и деца, сите беа во шок и со незапирливи солзи.
Надежта за пресврт уште еднаш беше срушена и во второто полувреме со дополнителни 2 гола за 10 минути, а само како извинување до сите фанови, во последните секунди Оскар го постигна единствениот гол за Бразил и конечен резултат од 7:1.
Фотографиите направени во Бразил, Германија, но и низ другите земји каде се навиваше, најдобро ги пренесуваат чувствата и на едните и на другите.
Неверојатно е кога истовремено се случува шок и реки солзи од една страна и еуфоричен транс на славење од друга страна.
Погледнете ги фудбалските фанови: