Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Фудбалската федерација на Македонија официјално го пушти во употреба најмодерниот терен со вештачка трева во општина Велес

Фудбалската федерација на Македонија со поддршка од УЕФА и „хет трик“ програмата за развој, а во соработка со институциите, денеска во општина Велес официјално го пушти во употреба, најмодерниот и најквалитетниот фудбалски терен со вештачка трева, дел од проектот за поставување  на десет  фудбалски терени со вештачка трева во различни општини во Македонија.

fudbalskata-federacija-na-makedonija-vo-opstina-veles-oficijalno-go-pusti-vo-upotreba-najmoderniot-teren-so-vestacka-treva-01.JPG

На свеченото отворање присуствуваше  претседателот на Владата на Република Македонија г-дин Никола Груевски, Претседателот на ФФМ, г-дин Илчо Ѓорѓиоски, Градоначалникот на општина Велес, г-дин Славчо Чадиев и бројни љубители на фудбалот.

- Желбата на Фудбалската федерација на Македонија е заедно со Владата на РМ и локалната самоуправа да ја подобри спортската инфраструктура. Сигурни сме дека вложувањето во инфраструктурата повторно ќе ги врати љубителите на спортот на нашите натпревари и ќе овозможи да поставуваме нови цели кои ќе не водат до успех, на фер-начин и со вистински вредности.  Сакаме да им помогнеме на сите, нашата цел е да направиме заеднички напори и вложувања, а сето она што се работи во европските фудбалски центри, мора да се направи и во Македонија. Ова е голем чекор да направиме куќа со вистински темели.

Без оглед што ФФМ мора да води грижа за бројните репрезентации, никогаш нема да се измориме од давањето поддршка, материјална и секаква друга во сите средини во Македонија. Со поддршка од Уефа, ФФМ е способна да реализира важни проекти за македонскиот фудбал, од изградба на инфраструктура до едукација на тренери, фудбалски работници и навивачи. Со помошта од Владата на РМ, со поддршката од општините можеме да осигураме убава иднина за нашиот спорт, посебно на најмладите категории бидејќи фудбалот од најмали нозе е изворот на идниот македонски фудбал, изјави Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

Свое обраќање на свеченоста имаше и Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски кој го поздрави проектот за инсталација на 10-те терени со вештачка трева на територија на државата и истакна дека заложба на Владата на РМ е да се создадат услови за активно вклучување на младите во спортски активности во целата држава. Како докажан спортски пријател, Претседателот на владата на РМ изрази надеж дека овие инфраструктурни подобрувања ќе бидат чекор плус во насока да ги оствариме заедничките цели, децата и младите да се посветат на спортот и здравите вредности.

10-те фудбалски терени со вештачка трева, се дел од соработката на Фудбалската Федерација на Македонија, Владата на Република Македонија, Агенцијата за млади и спорт,  локалната самоуправа како и на програмата за развој на УЕФА.

Тревната подлога поставена на главниот терен на стадионот во Велес е работен според највисоките критериуми на Уефа и ги исполнува условите да биде домаќин на сите репрезентативни и клупски тимови.

fudbalskata-federacija-na-makedonija-vo-opstina-veles-oficijalno-go-pusti-vo-upotreba-najmoderniot-teren-so-vestacka-treva-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонската фаланга го обои Вараждин во црвено-жолто - „Бисер балкански“ ечи на СП во ракомет 2025 ... Нашата фан-зона е преплавена со стотици Македонци, се пееја „Бисер балканск...
Зошто Мајк Тајсон по 20 години се врати во рингот и колку пари заработи од мечот со Џејк Пол? „За малку ќе умрев, добив 8 трансфузии, но сепак ги издржав 8-те рунди“ – рече М...
Скандалозниот живот на Михаел Балак: Не ја преболе смртта на синот, а сега е во љубов со неговата де... Јавноста беше згрозена кога дозна дека славниот фудбалер почнал љубовна врска со...
Силувал 12 годишно девојче, бил 1 година во затвор – Најскандалозниот учесник на Олимпијадата во Пар... Откако беше осуден за силување, доби 4-годишна затворска казна, но помина само 1...
Отвори 4 бесплатни болници за сиромашни, дава милиони во хумани цели - Животниот пат на Мајкл Џордан... Неодамна отвори бесплатна клиника за лекување на сиромашните луѓе од градот во к...
Хари Кејн има најромантична приказна меѓу фудбалерите: Со сопругата учел во основно, Бекам е „винове... Капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн, ја има една од нају...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg