Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Започнуваат полуфиналните и финалните фудбалски натпревари во детската лига

Фудбалската федерација на Македонија продолжува со активностите кои имаат за цел промоција на фудбалот меѓу најмладата популација.

zapocnuvaat-polufinalnite-i-finalnite-fudbalski-natprevari-vo-detskata-liga-01

Во текот на денешниот ден и во петок на терените во комплексот „Куќа на фудбалот“ ќе се одржи финалниот турнир од ФФМ - Детски лиги за сезоната 2013 / 2014-та. На настанот поддржан од ШПАРКАСЕ и РУДИНЕ ќе учествуваат 56 екипи поделени во седум возрасни категории.

Освен забавниот, рекреативниот, едукативниот и воспитниот, активностите имаат натпреварувачки карактер. На денот на отворањето ќе се одиграат елиминациските натпревари.

Наградите и признанијата за најдобрите ќе се доделат в петок кога ќе се одиграат финалните и натпреварите за трето место.

„Во текот на своето растење и созревање на децата им се потребни вистински вредности, а фудбалот е екипен спорт и им помага на најмладите да сфатат дека дисциплината, почитта, колективниот дух и фер-плејот се важни не само во играта, туку и во животот. Мораме да ги почитуваме и негуваме вредностите на спортскиот дух и неуморно да делуваме на негово зачувување. Ги покануваме сите фудбалски љубители да ни се придружат во одбележувањето на финалните натпревари од детската лига на ФФМ“, истакна Илчо Ѓорѓиоски, Претседател на ФФМ.

Би можело да ве интересира:

Се откажа од фудбалот поради неиздржливи болки, дома беше претепан и ограбен: Животот на Роберто Баџ... Од моментот кога престана да биде професионален фудбалер, Роберто Баџо веќе не с...
Македонско девојче: Илина Соколовска освои злато во Бундеслига Македонското девојче Илина Соколовска повторно постигна неверојатен успех! На ст...
Откриј го својот афинитет, надгради го талентот  - стартуваше 4-тата сезона од проектот Ракомет за с... „Како и изминатите сезони, така и по завршувањето на сезона 2023/24, од школата ...
Златни момци! Нашите кошаркари до 18 години се европски шампиони - 8 натпревари без пораз во Скопје Горди сме на нашите момци - кошаркарите до 18 години го освоија првото злато на ...
Кога на 17 години стануваш првак на Европа и радоста ја делиш со твојот помал брат (видео) Видеото на кое Ламин Јамал го држи во раце своето бебе братче и му дава да си иг...
Ја нарекуваат новата Дилета Леота - Која е згодната Италијанка по која „полудеа“ спортските фанови? Таа навива за Интер, иако е во врска со фудбалер на Торино, спортските фанови по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg