Сантијаго Бернабеу експлодираше: „Кралевите“ го внесоа десеттиот европски пехар (видео)
- Детали
- понеделник, 26 мај 2014
Стадионот Сантијаго Бернабеу го дочека и својот десетти европски пехар во историјата. Со оглед на долгото чекање не е ни чудно што буквално експлодираше стадионот од славењето кое беше приредено.
Дополнителна радост за навивачите на Реал беше и фактот што кралскиот клуб сега има 13 големи европски титули, една повеќе од најголемите шпански ривали, Барселона.
Кога Касиљас го донесе десеттиот пехар на теренот, таму веќе чекаа наредени деветте претходни од Купот на шампиони и Лигата на шампиони.
Трибините исполнети до последното место како и на последниот европски натпревар одигран таму против Баерн.
Во стил на најавувањата во НБА лигата, на теренот прв истрча Диего Лопез, а последен , капитенот Икер Касиљас.
Во центарот на теренот се наоѓаа 4 големи екрани на кои се прикажуваше репризата од големото финале.
После неверојатниот пресврт, Кралевите заслужија да се радуваат и да слават.