Ѓоковиќ елиминиран од Вавринка, без полуфинале во Мелбурн!
- Детали
- вторник, 21 јануари 2014
Дуелот на Новак Ѓоковиќ и Станислас Вавринка во четврт-финалето на Australian Open ги оправда очекувањата на сите страствени љубители на тенисот.
Новак на импресивен начин го започна мечот, добивајќи го првиот гејм “со нула” за неполна минута, но Вавринка набрзо го возврати ударот, по кој успешно финишираше.
По трети пат на овој гренд слем турнир двајцата тенисери одиграа возбудлив и маратонски меч, а на крајот Швајцарецот ја славеше победата која редоследно, низ бројки изгледаше вака - 2:6, 6:4, 6:2, 3:6, 9:7.
Вавринка по неколку часовна борба со генијалниот Ѓоковиќ го обезбеди својот пласман во полуфиналето во Мелбурн, на кое ќе игра против Томас Бердих.